"Зимското тестирање во Херез ќе биде смешно. Времето ќе биде ладно, гумите нема да работат, болидите веројатно нема да работат како што треба, и кога ќе комплетирате добар круг, веројатно ќе се чувствувате чудно, затоа што сте возеле во поголеми брзини. Ќе се вози во осмата брзина, во моментите кога досега не ни помислувавме да прешалтуваме во седмата брзина. Тоа ќе биде многу различен начин на возење и треба да се заборави се што сте научиле во текот на изминатите години во однос на управливоста на болидот, моторот, излезната моќност на болидите и начинот на кој треба да се скроти таа моќ. Ќе имаме многу, многу различна сезона."
"Никој нема да знае како ќе се однесуваат болидите до првата трка од сезоната. Ќе биде незгодно, бидејќи ќе имаме многу поголем вртежен момент на моторот. Ќе имаме многу помалку downforce и ќе немаме "играње" со издувните гасови. Но, мислам дека сеуште да се направат многу работи на ова поле. Има многу нови работи да се научат за сите нас, па дури и искусните возачи, и тоа ќе биде возбудливо."Зимските Тестирања започнуваат во Херез на 28 Јануари, а сезоната започнува со Австралиското Гран При на 16 Март 2014 година.
"Најголем проблем ќе бидат незгодните кривини, каде ќе биде тешко да се скроти болидот. За тоа ви треба гас педал долг еден метар за контрола на вртежниот момент на моторот. Се надевам дека искуството што го имам со развојот на болидот, развивајќи го да се однесува како што јас посакувам, ќе ми помогне во борбата за што повисок пласман за следната сезона. До стартот на првата трка, ние ќе имаме среден болид".