Клер Вилијамс во изјава за Аутоспот, вели:
"Да , мислам дека ги надминаа. Тоа е одлично, бидејќи нашите очекувања беа на многу високо ниво, но, сепак, тоа е причината поради која ги избравме за наш партнер. Тие се вистински професионалци во својата работа, и сè што видовме од потпишувањето на договорот, до денес, ја потврдуваше нашата одлука."
"Олеснителна околност за нас, во целата работа, е тоа што тие се во наша близина. Патувањето до Франција беше долго и не баш погодно за нас. Сега, нашите инженери можат безброј пати да ја посетат базата на Мерцедес, и тие да доаѓаат кај нас. Ние сме навистина задоволни со овој факт."
"Ние сме возбудени, но не знам дали некој навистина знае каде се во однос на конкурентите и јас мислам дека ние нема да знаеме се до првата тест сесија. Се надевам дека моторите на Мерцедес ќе бидат најдобри, бидејќи тоа ќе ни помогне да се движиме напред."Снабдувачи на Вилијамс Ф1 тимот со мотори од 1977-2013 година:
1977-1983 Косворт
1984-1987 Хонда
1988 Џад
1989-1997 Рено
1998-1999 Мекахром/Супертеч
2000-2005 БМВ
2006 Косворт
2007-2009 Тојота
2010-2011 Косворт
2012-2013 Рено
2014- Мерцедес