“Формула 1 е совршено организирана, таква организираност каква што се среќава во Формула 1 не постои никаде на друго место. Секој ги знае своите граници, вие никогаш нема да доживеете некој да врши притисок кон вас, да ве легитимира насекаде, тие те третираат како "господин"”
“Возачите се многу арогантни, но тие се многу професионални во својата работа. Четири години работам на тоа, не сум пропуштил речиси никоја трка и јас никогаш не сум имал можност да разменам некој збор со било кој од нив. Иако често стоиме еден до друг..."
“Ветел ... Тој е исклучително арогантен, исто како Алонсо, но Алонсо има искуство, добар изглед, има Латино шарм, мачо мен, а овој... Ништо! Имам стоено со Ветел илјада пати во барот, тој дечко никогаш во својот живот нема кимнато со главата. Но, тој е таков. Никогаш не се појавува со девојката, само неговиот татко понекогаш е со него"
“Хамилтон е бомбастичен надуенко . Хамилтон е неверојатно арогантен , помпезен надуенко."
"Iceman, тој ја става кацигата пред да се појави во гаражата, со неа на главата влегува во гаражата, така што вие едноставно немате слики од Раиконен.”
"Никол и таа Мичибата, од Батон... Тие се таму цело време, тие талкаат за да бидат видени од сите, тоа им е од суштинско значење. Освен кога му е лута на Хамилтон, и заминува со љубовникот. Тогаш ја нема никаде."
Добра риба, Никол...
"Да, но со толку пари вложени во неа е добра риба? Дојдете до мојот Маринковац и со една петина од тие пари секоја трета девојка би изгледала подобро од неа"
“Првата асоцијација за Формула 1? Монца, Монте Карло и Ферари. Тоа е најдоброто од Формула 1... Тоа се моите омилени трки. Секој кој сака Формула 1, ако е можно, Ви препорачувам да одите до Монте Карло, бидејќи се ви е на дофат.... Возачите ја сакаат Спа Франкоршамп, бидејќи е во шума, па тие често се шетаат во неа помеѓу тренинзите и трката... Навистина е убаво таму."
“A , чичко Берни ? Се тоа е негова сопственост и тој се однесува во склад на тоа."
Целото интервју на МОНДО со Чика Суки, официјален фотограф во Формула 1, и неговите авантури можете да ги прочитате на следниот линк:
Čika Suki, Srbin s najboljim poslom na svetu - Mondo.rs
ФОРМУЛА 1 ИСКУСТВО ОД ЕДЕН ПОИНАКОВ АГОЛ
12/28/2013 06:26:00 PM
Tags
Share to other apps