Берни одлета од Ф1, но привремено!!!
Берни Еклстоун ќе се повлече од функцијата директор на Формула 1 управниот одбор , но тој ќе продолжи да работи во овој спорт.Германските обвинители денес објавија дека Еклстоун ќе се соочи со судско рочиште во Минхен на крајот на април за да одговори на тврдењата дека тој го подмитил германскиот банкар Герхард Грибковски за време на продажбата на Ф1 во 2006 година.
Во соопштението на Управниот одбор на Формула 1 се вели:
"По разговорите со управниот одбор, г-дин Еклстоун предложи и одборот се согласи дека додека не се затвори овој случајот, тој веднаш ќе се повлече од функцијата директор, а со тоа се откажува од неговите должности и одговорности. Одборот верува дека тоа е во најдобар интерес и за Ф1 бизнисот и за спортот. Г-дин Еклстоун ќе продолжи да го води бизнисот ден-за-ден, но под зголемен мониторинг и контрола од страна на одборот. Г-дин Еклстоун се согласи на овие одлуки."
"Г-дин Еклстоун го увери одборот дека е невин по обвиненијата и има намера енергично да се брани во процесот кој ќе започне кон крајот на април 2014 година."
"Одобрувањето и потпишувањете на значајни договори и други материјални бизнис аранжмани сега ќе биде одговорност на претседателот, г-дин Питер Брабек Летмате, и заменик-претседателот, г-дин Доналд Мекензи."Вилијамс ГП Холдинг го објави назначувањето на Греам Хекленд на позицијата директор на IT секторот.
Греам ќе ја сноси целокупната техничка и оперативна одговорност за сите ИТ проекти во рамките на Вилијамс групацијата. Тој се приклучува на Вилијамс од Лотус Ф1 каде што ја остваруваше позицијата на IT/IS директор, а својата кариера во овој спорт ја започна во тимот на Бенетон во 1997 година.
Зборувајќи за неговото назначување, Греам рече:
"Јас сум горд што се приклучувам на Вилијамс групацијата, како директор на ИТ секторот, која има завидна репутација во полето на техничките иновации. Се надевам дека ќе допринесам за идниот успех на Вилијамс, во време на големи промени на техничките прописи."Форс Индија потпиша повеќегодишен договор за партнерство со Roshfrans.
Тимот на Форс Индија го објави потпишувањето на повеќегодишен договор за партнерство со Roshfrans, Мексиканска компанија специјализирана за производство на лубриканти и масла. Според овој договор логото на Roshfrans ќе биде истакнато на задното крило на новио болид, VJM07, како и на целокупната тимска облека.