Стефано Доменикали има само пофални зборови за Кими Раиконен, кој се почесто може да се види во Маранело, што е доказ дека тој планира да биде повеќе вклучен во работата на тимот, отколку што беше во минатото. Во текот на вчерашниот ден, Раиконен имал неколку состаноци со инженерите на кои се подготвувала програмата за престојната тест сесија во Бахреин.
Неговиот престој бил искористен и за фино подесување на неговата возачка позиција во кокпитот на F14 Т.
На крајот од денот вниманието му го привлекол спортскиот автомобил, La Ferrari, кој ја претставува самата суштина на она што ги прави автомобилите изградени во Маранело единствени во светот. Финецот се чувствувал удобно зад воланот на овој супер автомобил, но немал доволно време за да ги тестира неговите перформанси на Фиорано патеката. Во Маранело, Кими, се чувствувал како дома!!!
ВО МАРАНЕЛО ИЗНЕНАДЕНИ ОД КИМИ РАИКОНЕН
2/13/2014 01:17:00 AM
Tags
Share to other apps