Судејќи според пишувањето на италијанските медиуми од следната година треба да очекуваме два нови тимови во Ф1 Шампионатот. По откажувањето на ХРТ кон крајот на 2012 година, едно место е празно. Светската автомобилистичка федерација (ФИА), веќе започна со стручна евалуација на кандидатурите на пријавените тимови, кои конкурираат за едно место во шампионатот на Формула 1 од сезоната 2015 година. Но, неофицијалните шпекулации се дека, наместо еден, би можело да видиме два нови тимови.
Според непотврдени информации има пријавено три потенцијални Ф1 тимови, од кои два имаат реални шанси за да почнат да се натпреваруваат. Тоа се тимовите кои ќе ги формираат Џин Хаас, косопственик на познатиот Стјуарт-Хас тим кој се натпреварува во НАСКАР шампионатот, и поранешен директор на ХРТ Колин Колс. Трет заинтересиран кандидат е Зоран Стефановиќ, кој веќе се обиде да влезе во Формула 1 во 2009 година. Сепак, според првичните проценки, има минимални шанси Стефан ГП да се појави на патеката.
Дали по најавите на сопственикот на Катерам дека ако немаат добри резултати ќе го напуштат Ф1 шампионатот, ги натера раководните лица на ФИА да размислуваат за прием на два нови тима, ќе покаже иднината. Наша проценка е дека ако бидат одобрени две лиценци, тоа би можело да значи дека Катерам веќе имаат донесено одлука за напуштање на Ф1 проектот. Иако Пастор Малдонадо ја внесе 13-ката, која се смета за баксузна во Ф1, ФИА нема да организира шампионат со тринаесет тимови. Конечна одлука ќе биде објавена подоцна овој месец.
ДВА НОВИ Ф1 ТИМА ОД 2015 ГОДИНА?!?
2/11/2014 09:01:00 PM
Share to other apps