По нешто повеќе од една година, од кога Стефано Доменикали го означи почетокот на градежните работи, новиот дом на Скудерија Ферари е веќе во напредна фаза на изградба, што може да се види од приложената фото галеријата.
Целосната изградба треба да заврши во текот на ова лето, што ќе значи завршување на еден од најинтересните архитектонски проекти во последните години, изграден според критериумите на функционалност, ефикасност и стил кој ја карактеризира Formula uomo програмата, чија цел е создавање на работна средина која најдобро одговара на потребите на оние кои работат таму.