Затоа Ред Бул и Рено, немаат шанса за нов поправен испит, ако и на тест сесиите во Бахреин поминат повеќе време во гаражите, одколку на патеката. Повторување на Херез за нив е неприфатливо. Од Рено велат дека иако доцнат во равојот на погонската единица, тоа не е прашање на месеци, туку неколку недели, и дека се онаму каде што требаше да бидат за првата тест сесија. Нивните ривали се четири тест дена пред нив, што секако не е мала работа. Од Рено се уверени дека проблемите кои ги имаа со нефункционирањето на одредени делови од комплексната погонската единица се решени, со што би имале непречен тек на планираните активности за Бахреин.
Ред Бул комплетираше само 21 круг во Херез, а најголем проблем беше ладењето на ЕРС-системот и останатите компоненти од Рено погонската единица. Ако имаат добар старт во Бахреин и покажат добри резултати во издржливост и комплетирани кругови, проблемите од Херез брзо ќе бидат заборавени, но ако се повтори Херез тогаш нивните проблеми ќе бидат сериозни, и не може да се надеваат на добри резултати до првата Европска трка, но секако не може така лесно да се отпишат актуелните Шампиони.
Време е да го видиме и болидот на Лотус Ф1, Е22, на дело на патеката. Лотус во меѓувреме остана без својот тимски шеф, главната ѕвезда во тимот и техничкиот директор. Повеќето тимови за оваа сезона се одлучија за мравојад единечно издолжени носеви, а од овој тим ќе се обидат со вилушка нос, двојно и асиметрично издолжен нос. Роман Грожан и Пастор Малдонадо, кој треба да се навикнува на новиот тим, за прв пат ќе ни ги демонстрираат можностите на Е22.
Ред Бул и Лотус ќе имаат првични тест програми, а останатите тимови ќе треба да не убедат дека Ф1 е најбрзиот мотоспорт и врв на иновацииите. По првиот тест во Херез, возачите и посебно фановите беа изненадени од постигнатите слаби времиња, а најбрзото време забележано од Кевин Магнусен со МП4-29, беше за околу пет и пол секунди побавно од најбрзото време на 2013 Херез тест сесијата. Оправдувањето беше дека Ф1 болидите не возеле со целосниот нивни потенцијал. Бахреин е место каде треба да се покажат!!! Секако дека кога има промени, треба да се очекуваат и побавни времиња, но што е многу, многу е... На оваа сесија би требало да имаме порепрезентативни времиња од првиот тест, а третата тест сесија треба да ни ја даде вистинската слика за брзината на годинешните Ф1 болиди.
Една од причините за побавните времиња се и новите гуми на Пирели, кои неоправдано добија негативен публицитет минатата сезона. Требаше да направат гуми што забрзано се трошат, за да имаме интересни трки, а кога на некои тимови не им одговараше моменталната ситуација, удрија со критики кон Пирели, се со цел да ја скријат сопствената неспособност и неинвентивност. Поучени од тоа за оваа сезона Пирели имаше поконзервативен пристап во дизајнот и конструкцијата на своите гуми. За тимовите, Бахреин е првата вистинска шанса да се испита адаптацијата на новите болиди кон 2014 гумите на Пирели и нивото на деградација на подолги стинтови.
ТИМ СРЕДА, 19/2/2014 ЧЕТВТОК, 20/2/2014
Ред Бул Себастијан Ветел Себастијан Ветел
Мерцедес АМГ Луис Хамилтон Нико Розберг
Ферари Фернандо Алонсо Фернандо Алонсо
Лотус Роман Грожан Роман Грожан
Мекларен Кевин Магнусен Кевин Магнусен
Заубер Адријан Сутил Естебан Гутиерез
Форс Индија Нико Хулкенберг Нико Хулкенберг
Вилијамс Наскоро Наскоро
Торо Росо Дањил Квјат Жан-Ерик Верн
Катерам Робин Фријнс Камуи Кобајаши
Марусија Жил Бјанки Макс Чилтон
ТИМ ПЕТОК, 21/2/2014 САБОТА, 22/2/2014 Ред Бул Даниел Рикиардо Даниел Рикиардо Мерцедес АМГ Луис Хамилтон Нико Розберг Ферари Кими Раиконен Кими Раиконен Лотус Пастор Малдонадо Пастор Малдонадо Мекларен Џенсон Батон Џенсон Батон Заубер Естебан Гутиерез Адријан Сутил Форс Индија Серџо Перез Серџо Перез Вилијамс Наскоро Наскоро Торо Росо Дањил Квјат Жан-Ерик Верн Катерам Маркус Ериксон Камуи Кобајаши Марусија Жил Бјанки Макс ЧилтонСекој болид на втората тест сесија во Бахреин ќе има на располагање 30 сетови на нови гуми, а редоследот по смеши е прикажан во приложената табела. Од неа може да се забележи дека тимовите ќе бидат во можност да тестираат три вида на гуми за суво во Бахреин: тврди, медиум и меки. Тимовите побарале и од зимските тврди гуми користени и специјално дизајнирани од Пирели за тест сесијата во Херез, чија цел беше да се обезбеди брзо загревање на ниски температури. Оваа "зимска" верзија е препознатлива по тоа што нема никакви ознаки.
Пирели исто така носи и дополнителен сет на медиум гуми, кои не се бројат во 30-те сетови за Бахреин, и ги имаат 2014 карактеристиките, но ќе се сметаат за прототип гуми, а нивната цел ќе биде да се тестира однесувањето на гумата без затоплувачите на гумите, кои ќе бидат забранети од 2015 година.
22 сетови на гуми се избрани од страна на Пирели во согласност со тимовите, а останатите осум сетови се избрани од страна на секој тим пооделно, за да одговараат на нивните индивидуални тест програми.
ГУМИ К/Б НАЈБРЗО ВРЕМЕ - 2013
Супер-меки 0 нема
Меки 2 нема
Медиум 10 1:32.330
Тврди 8 1:36.961
Интермедиа 0 нема
Гуми за дожд 0 нема
Прототип-Медиум 1 нема
Зимски-Тврди 2 нема