Како што напоменавме во анализата на тест сесијата во Херез, новите погонски единици меѓу себе се разликуваат и по силината на звукот кој го испуштаат, а најгласна и најмоќна според аналитичарите е таа на Мерцедес-Бенц, а најтивка на Ферари, која звучи сосема различно од Мерцедес и Рено.
Зошто е тоа така?
Шпекулациите во Италијанските медиуми се дека Лука Мраморини, главниот дизајнер на погонската единица на Ферари, има развиено уникатен систем кој го запира протокот на гориво кога возачот ја испушта педалата на гаста, што има позитивно влијание врз ефикасноста на потрошувачката и сопирањето на болидот. За време на тестот во Херез многу внимание привлекоа и отворите за ладење на болидот на Ферари, кои се помали во однос на останатите тимови, па се шпекулира дека и на тоа поле се еден чекор понапред..
Каде е тука Рено?
Рено треба да се покаже и докаже на следниот тест во Бахреин, па потоа ќе знаеме каде да ги сместиме. Само да не испадне дека се најефикасни и најмоќни!!!
МЕРЦЕДЕС СО НАЈМОЌНА, ФЕРАРИ СО НАЈЕФИКАСНА ПОГОНСКА ЕДИНИЦА
2/10/2014 06:31:00 PM
Tags
Share to other apps