Како резултат на ова партнерство Вилијамс Ф1 го назначи Фелипе Наср како нивни тест и резервен возач за 2014 сезоната. Во оваа улога Фелипе ќе присуствува на сите трки од 2014 календарот и ќе го вози болидот на три тест сесии и пет тренинг сесии. Тоа ќе биде комбинирано со работа на симулатор за континуиран развој на болидот.
Коментирајќи во врска со својата нова улога Фелипе Наср рече:
"Јас сум навистина среќен што се приклучувам на семејството Вилијамс. Тие имаат голема историја во овој мотоспорт и некои од најголемите бразилски возачи имаат возено за тимот, па тоа е чест за мене да се приклучам на имињата како Пике, Сена и Маса."