Знакот кој предивикува страв кај своите ривали!!!
Денешниот ден во кратки црти може да се опшише како демонстрација на издржливост и брзина на тимовите со Мерцедес ПЕ. Од нив Мерцедес АМГ и Луис Хамилтон го забележаа најбрзото време на неделата. Ферари демонстрира издржливост, но брзина само кај Италијанскиот тим, додека Заубер и Марусија немаат со што да се пофалат. Марусија прв тим со промена на цела погонска единица, по само четири извозени круга. Рено полека ги решава своите проблеми, но кај нивниот водечки тим, Ред Бул, секојдневно се појавуваат нови проблеми.Попладневната изјава на Кристијан Хорнер за SKY F1, добро ја опишува атмосферата во тимот:
"Реално треба да кажеме дека Мерцедес АМГ се моменталните фаворити, односно Мерцедес-придвижуваните тимови се апсолутни фаворити. Ние сме на крајот од поредокот, но сезоната е долга, следи тежок шампионатот и не е се во поставување најбрзи времиња на зимските тест сесии."Започнуваме со најбрзите денес, Мерцедес АМГ, со Луис Хамилтон зад воланот на W05. Нивната програма се состоеше од кратки стинтови на помеките смеши на Пирели гумите во утринскиот дел од сесијата, па логично на тоа Британецот го постави најбрзото време од 1:34.263, кое досега е најбрзото забележано време во Бахреин. Во попладневниот дел од сесијата тимот имаше обид за симулација на трка, која беше прекината поради проблеми со болидот. Кога дефектот беше елиминиран, Луис повторно имаше стинт од 22 круга. На последниот ден од втората пред-сезонска тест сесија болидот оди во рацете на Нико Розберг.
Луис Хамилтон:
"Добро е што бев во можност да комплетирам брзи кругови, бидејќи имаме помалку грип на болидот од минатата година. Јас со нетрпение очекувам да комплетирам симулација на трка, на следната тест сесија, бидејќи денес не успеав во тоа. Ние се обидуваме да ги најдеме сите проблеми што може да се случат за време на една трка, па од тој аспект, позитивен е фактот што денес бевме во можност да најдеме и поправиме еден проблем. Болидот се чини дека добро реагира на мојот стил на возење, а Мерцедес ПЕ изгледа добро. Тимот има направено одлична работа за да бидеме каде што сме денес, па ние само треба да продолжиме во истиот правец."Мекларен го имаше второто најбрзо време, а Џенсон Батон го презеде воланот на МП4-29 од Кевин Магнусен и продолжи со евалуација на генералниот сет-ап на болидот. Комплетираше импресивни 103 круга, со прва целосна симулација на трка во попладневните часови.
Џенсон рече:
"Денес имавме навистина напорна сесија, а моите инженери на крајот беа тотално исцрпени, што никогаш порано не сум го видел тоа! Она на што навистина треба да се фокусираме е целосно разбирање на заштеда на горивото, како и комуникацијата помеѓу возачот и инженерот. Мислам дека ќе се качат на врвот на нештата, иако, бидејќи ние сме традиционално многу добри во тоа. Имавме позитивен ден, во кој што се собраа многу податоци кои треба да се обработат на најдобриот начин. Сè уште има многу работа да се направи пред првата трка во Австралија."Тимот на Вилијамс, делува препородено пред почетокот на сезоната. Нивната главна цел за денес било вежбање на пит-стоповите, задача доверена на Валтери Ботас, кој предпладнето имаше 55 круга и 43 пит-стопови. Во склоп со тоа биле вежбани и процедурите за старт на трката. При крајот на денот, болидот го презеде Фелипе Маса за да се обиде да го надомести изгубеното време од првиот ден. Генерално, Вилијамс, со FW36 има одличен напредок.
Форс Индија, ајде да речеме дека е најслабиот тим со Мерцедес ПЕ, но релативно понапред од повеќето останати ривали. Денес, Серџо Перез, комплетираше 57 круга во VJM07. Продуктивен ден за тимот и првата шанса за Перез да го припрема VJM07 кон својот стил на возење. Имаа мали проблеми, кои го забавија нивниот напредок, но во попладневните часови беа во можност да комплетираат долг стинт. Перез останува во кокпитот на болидот и ќе се концентрира на симулација на трка.
Трет ден од тестирањето за Ферари и прв за Кими Раиконен, кој се врати зад воланот на F14 Т со број 7. Денот го започна со аеродинамичка евалуација, дополнително подесување на болидот и вежбање на стартови. Но, по 12 круга, тимот наиде на проблем со телеметријата на болидот, т.е. податоците не стигнувале до компјутерите. По извршената рекалибрација и ресетирање на системот, тимот продолжи со планираната програма. Мал проблем, но им требаше релативно многу време за да го поправат. Се тоа покажува колку се комплицирани овие нови системи. И во Маранело работат напорно за да се движат напред во развојот на Ф14 Т, болид со толку многу нови системи и малку време за да се тестираат.
Ферари успева да држи чекор со тимовите на Мерцедес, но, Заубер и особено Марусија, кои ги користат Ферари ПЕ, како да не се движат во посакуваниот правец на развој. На третиот ден од тестирањето во Бахреин Заубер Ф1 вежбаа пит-стопови и за прв пат ги проценуваа меките и супер-меките гуми на Пирели. Со дополнителни аеро тестови заврши нивната програма, со вкупно 96 круга за Гутиерез. Во Марусија имаат фрустрирачка тест сесија, која продолжи и денес со проблеми со Ферари ПЕ, која мораше да биде заменета со нова, а со тоа денот беше изгубен за овој тим. ПЕ веднаш била испратена за анализа од страна на инженерите на Ферари.
Торо Росо беше најбрзиот, а Катерам тимот со најмногу комплетирани кругови, придвижувани од Рено ПЕ.
Во тимот на Торо Росо се работеше на подесувања на болидот со различните смеши на 2014 гумите на Пирели. За прв пат ги користеа меките и супер-меки гуми, и беа во можност да направат разумен број на кругови. Подоцна се продолжило со фино подесување на системите врз основа на искуството од последните неколку дена. Во попладневните часови работеа на симулација на трка, имаа неколку долги стинтови.
Уште еден позитивен ден и 98 круга за Катерам со Маркус Ериксон зад воланот на нивниот болид. Беа фокусирани на долги стинтови и повеќе начини на мапирање на Рено ПЕ, за да се подобри управливоста на болидот, нешто што е од критична важност со зголемениот вртежен момент кој ги имаме оваа година. Издржливоста е на завидно ниво, но ја нема брзината.
Ред Бул и Лотус Ф1, водечките тимови снабдувани со Рено ПЕ, имаат сериозни проблеми и не можат да завршат ни мал дел од планираните тест програми.
Пастор Малдонадо го имаше првиот тест ден во E22 и само 26 комплетирани круга. Целта на денешната програма била аклиматизација на Малдонадо во кокпитот на Е22 и понатамошна евалуација на боидот. Утрото започнаа добро и направија одреден напредок, но за жал, во попладневните часови повторно имаа голем број на проблеми, сега со менувачот и ЕРС-от. Рено, направил добар напредок со софтверот на ЕРС-системот, па од Лотус се надеваат дека утрешниот ден ќе биде многу подобар.
Третиот ден за Ред Бул, исто како и за Лотус, започна ветувачки со Даниел Рикиардо зад воланот на RB10. Сепак, подоцна во текот на денот бил откриен сосема нов механички проблем, па била донесена одлука да се прекине попладневниот дел од сесијата. Проблемот бил од таква природа што требало да биде расклопен целиот болид. Им останува само уште еден тест ден од оваа сесија.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.263 67
2. Џенсон Батон Мекларен 1:34.976 + 0.713 103
3. Фелипе Маса Вилијамс 1:37.066 + 2.803 60
4. Eстебан Гутиерез Заубер 1:37.180 + 2.917 96
5. Серџо Перез Форс Индија 1:37.367 + 3.104 57
6. Кими Раиконен Ферари 1:37.476 + 3.213 44
7. Дањил Квјат Торо Росо 1:38.974 + 4.711 57
8. Пастор Малдонадо Лотус 1:39.642 + 5.379 26
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:40.781 + 6.518 28
10. Маркус Ериксон Катерам 1:42.130 + 7.867 98
11. Макс Чилтон Марусија 1:46.672 + 12.409 4
12. Валтери Ботас Вилијамс без поставено време 55