Иако, времињата постигнати на тест сесиите секогаш треба да се земаат со резерва, мислам дека тоа не е резултат и оваа сезона, кога имаме само 12 тест дена, а радикално нови болиди. Па така, со сигурност може да се каже дека Мерцедес АМГ е тимот што е најдалеку со развојот на својот болид. Тие и Мекларен се единствените тимови кои завршија целосна симулација на трка. Да и тие се расипуваа, но тие се толку далеку напред со својата тест-програмата што откриваат проблеми за кои другите тимови може само да сонуваат.
Тимовите што ја одбраа Мерцедес ПЕ, како да добија 7-ка на лото. Сите направија чекор или неколку чекори напред. Најголем напредок можеби има тимот на Вилијамс(е сега кога си назад во поредокот, секако имаш и шанса за голем напредок), кој доживува ренесанса. Вилијамс покажа добри перформанси, FW36 можеби не е најбрзиот болид, но изгледа способен за многу добри резултати. Се благодарение на смената на Рено со Мерцедес, доведувањето на Пат Сајмондс и на крај одбирањето искусен возач, на местото од платеник. А парите почнаа сами да си доаѓаат, и тоа од сите страни. Не знаеме дали ќе има доволно место за логоата на сите нови партнери на тимот. Се очекува уште објава на главниот финансиер - Мартини, кој ќе даде посебен шмек на Вилијамс Ф1.
Тимовите снабдувани со Рено ПЕ во Бахреин го искористија и вториот џокер, повеќе немаат право на грешки!!! Најбрзиот, изненадувачки Лотус Ф1, беше за речиси пет и пол секунди побавен од најбрзото време. Но, ајде што не возат брзо, туку и не стигаат далеку, се расипуваат по неколку поминати круга. Станува јасно дека нема да има инстант решавање на нивните проблеми.
Со само уште четири тест дена во Бахреин следната недела, делува дека ќе претставува победа ако некој од болидите на Рено стигне до целната линија во Мелбурн. Ако некој стигне, тоа може да биде Катерам.
Шампионите се со многу проблеми, секој ден им се појавуваа нови и нови, но работат напорно да го стигнат врвот кој го изгубија. Тие се тим со огромни средства на располагање и најголеми шанси за да се вратат таму каде што беа во последните неколку сезони.
Единствено Ферари е тешко да се прочитаат, Алонсо и Раиконен комплетираа пристоен број на кругови со Ф14 Т, но без некои спектакуларни времиња. Издржливоста на болидот е прилично голема, но нема потврда на перформансите со брзи времиња. Двајцата возачи се оптимисти во врска со напредокот на Ферари, а поучени од практиката дека Ферари најчесто поставуваат брзи времиња на последниот тренинг од тркачките викенди, очекуваме тие да покажат заби на третата и последна тест сесија во Бахреин.
По Херез имавме перцепција дека оваа нова генерација на болиди се премногу бавни, но одлично е што во Бахреин се докажа спротивното. Најбрзото време на Нико Розберг во Бахреин беше за помалку од секунда побавно од неговата Пол позиција за 2013 Бахреин ГП-то, кое можеби ќе беше изедначено ако тој ги користеше супер-меките наместо меките гуми на Пирели. Од друга страна, тоа беше побрзо за над 3 секунди од најбрзиот круг забележан од страна на Ред Бул и Себастијан Ветел, секако на истата таа трка. Ако ова го кажуваме по само две тест сесии, може да очекуваме дека многу брзо 2014 болидите да бидат побрзи од своите претходници.
Новите 2014 болиди се побрзи на правците, но побавни во кривините, поради помалиот downforce(потисок) од минатата година. Ферари Ф14 T имаше најголема максимална брзина од 336 км/ч, што е за 22,2 км/ч побрзо во споредба со минатата година на оваа патека. Проценките на некои аналитичари се дека на брзите патеки од Ф1 календарот, новите болиди би постигнувале максимални брзини и над 350 км/ч.
Една од варијаблите за успех се и гумите на Пирели. Кој тим ќе успее подобро да го адаптира својот болид кон нив, ќе има значајна корист. Разликите во Бахреин меѓу различните смеши е следната: супер-меките гуми се околу 0.7с. по круг побрзи од меките, меките околу 1.2с. по круг побрзи од медиум, а тие за околу 1.3с. по круг побрзи од тврдите. Според Пирели овие разлики треба да се намалуваат со еволуцијата на болидите.
Нов проблем со кој што се сретнаа инженерите и механичарите на тимовите е недостатокот на рутина во поправките на новите погонски единици, па така според Пет Фрај од Ферари, проценките се дека поправките на 2014 болидите, моментално одземаат барем двапати повеќе време од минатата година и работата на 2013 болидите.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:33.283
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.263 + 0.980
3. Кевин Магнусен Мекларен 1:34.910 + 1.627
4. Џенсон Батон Мекларен 1:34.957 + 1.674
5. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.445 + 3.162
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:36.516 + 3.233
7. Кими Раиконен Ферари 1:36.718 + 3.435
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:37.066 + 3.783
9. Естебан Гутиерес Заубер 1:37.180 + 3.897
10. Валтери Ботас Вилијамс 1:37.328 + 4.045
11. Серџо Перез Форс Индија 1:37.367 + 4.084
12. Фелипе Наср Вилијамс 1:37.569 + 4.286
13. Пастор Малдонадо Лотус 1:38.707 + 5.424
14. Дањил Квјат Торо Росо 1:38.974 + 5.691
15. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:39.837 + 6.554
16. Камуи Кобајаши Катерам 1:39.855 + 6.572
17. Себастијан Ветел Ред Бул 1:40.224 + 6.941
18. Адријан Сутил Заубер 1:40.443 + 7.160
19. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:40.472 + 7.189
20. Роман Грожан Лотус 1:41.670 + 8.387
21. Маркус Ериксон Катерам 1:42.130 + 8.847
22. Макс Чилтон Марусија 1:42.511 + 9.228
23. Робин Фријнс Катерам 1:42.534 + 9.251
24. Жил Бјанки Марусија без поставено време
П. ВОЗАЧ ТИМ КРУГА КИЛОМЕТРИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 174 941
2. Валтери Ботас Вилијамс 171 925
3. Џенсон Батон Мекларен 169 914
4. Фернандо Алонсо Ферари 161 871
5. Естебан Гутиерес Заубер 151 817
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 141 763
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 137 741
8. Кевин Магнусен Мекларен 127 687
9. Кими Раиконен Ферари 126 681
10. Маркус Ериксон Катерам 102 552
11. Адријан Сутил Заубер 89 481
12. Фелипе Наср Вилијамс 87 470
13. Пастор Малдонадо Лотус 85 460
14. Камуи Кобајаши Катерам 83 449
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 77 416
16. Серџо Перез Форс Индија 76 411
17. Себастијан Ветел Ред Бул 73 395
18. Робин Фријнс Катерам 68 368
19. Фелипе Маса Вилијамс 65 351
20. Дањил Квјат Торо Росо 62 335
21. Даниел Рикиардо Ред Бул Рено 43 232
22. Роман Грожан Лотус 26 140
23. Макс Чилтон Марусија 21 113
24. Жил Бјанки Марусија 8 43
П. ТИМ КРУГА КИЛОМЕТРИ
1. Вилијамс 323 1748
2. Мерцедес АМГ 315 1704
3. Мекларен 296 1601
4. Ферари 287 1553
5. Катерам 253 1369
6. Заубер 240 1298
7. Форс Индија 213 1152
8. Торо Росо 139 752
9. Ред Бул 116 627
10. Лотос 111 600
11. Марусија 29 156
П. ПРОИЗВОДИТЕЛ КРУГА КИЛОМЕТРИ
1. Мерцедес 1147 6207
2. Рено 619 3350
3. Ферари 556 3009