Реми Тафин, еден од одговорните луѓе кај Францускиот производител, признава дека болидите придвижувани од нивните ПЕ имаа значителен дефицит, но смета нивната ПЕ е доволно добра да се намали разликата со водечките, откако Ф1 тимовите, ќе се здобијат со повеќе знаење за тоа како правилно да ја искористат.
"Фер процена е да се каже дека ние сме зад Мерцедес во правците. Тоа е очигледно. Да се каже дека тоа е една секунда не е точно, но не е точно и дека е една десетинка. Разликата е поблиску до секунда од колку таа една десетинка од секундата. Ние знаеме колку сме зад Мерцедес, но исто така, ние знаеме и што треба да се направи за веќе на следната трка да ја надополниме таа разлика."
"Во ПЕ ги имаме сите потребни компоненти за да се подобриме, тоа е само прашање на оптимизирање на сите делови и користење на целосната моќ. Ние треба да ја подобриме издржливоста и да го најдеме вистинскиот начинот на кој ќе ги користиме сите овие работи заедно."Во Ред Бул веруваат дека може да се направи голем чекор напред во формата, откако нивниот партнер ќе ги реши своите тековни проблеми во Формула 1. Тие имаа верба дека брзиот напредок е возможен. Иако на сила е замрзнување на развојот на моторите, Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, мисли дека областите на кои може да се работи, се тие каде може да се направат големи чекори напред.