Нико Розберг со W05 комплетираше 103 круга и покрај тоа што поголемиот дел од утрото го преседе во гаражата на Мерцедес АМГ, чекајќи да биде променета погонската единица(ПЕ) на неговиот болид. Кога доби дозвола да излезе на патеката, прво имаше симулација на трка, за при крај на денот да излезе на супер-меките гуми на Пирели за неколку брзи круга. Но, беше за 2 десетинки побавен од Фелипе, кој беше исто така на супер-меки гуми, кога го забележа најбрзото време.
Кими Раиконен и Ферари повторно во топ 3, но со над 2 секунди заостанување и многу проблеми и на неговиот последен тест ден пред стартот на 2014 сезоната.
"Се надевав на повеќе кругови, но тоа не беше лесна цел за денешниот ден. Изгубивме време во утринските часови со обичен конектор, кој ги принуди нашите инженери делумно да го расклопат болидот, за да биде сменет. Но, успеавме да надополниме во попладневните часови, кога имав симулација на трка. Собравме многу податоци во врска со потрошувачката на гориво и деградацијата на гумите. Денес имавме силен ветер на патеката, поради кој возењето не беше пријатно. Посакував повеќе круга, но имаме уште еден ден со Фернандо да продолжиме со нашата подготовка за Мелбурн."Најголемите проблеми денес ги имаа Ред Бул, Лотус, Заубер. По позитивниот втор тест ден, гремлините во болидот на Ред Бул се појавија повторно, па така Себастијан Ветел најголемиот дел од денот го помина во нивната гаража.
"Во овој момент, ние, очигледно имаме многу различни проблеми со кои се соочуваме. Тоа не е најдобра ситуација за нас, но не можеме да ја промениме. Сите во тимот се исклучително мотивирани да го поправиме RB10, но нема брзо решение. Во оваа фаза издржливоста е еден голем прашалник. За трката во Мелбурн ќе стигнат нови делови, кои поради далечината со нашата база, не можевме да ги добиеме во Бахреин, па затоа мислам дека работите ќе се подобрат во текот на следните неколку недели. Штом ќе ја имаме полната моќ на нашиот болид, брзината нема да изостане."Како Ред Бул, така и Лотус, им парираат со проблемите. Утрината имаа проблеми со електричната инсталација, започнаа со задоцнување, и на крај по 33 круга, предвреме да го завршат денот поради проблеми со ЕРС-системот. Болидот на Адријан Сутил се запали при првиот инсталациски круг, а инженерите на Заубер не успеаа да ја заменат ПЕ до истекот на денешната сесија.
Маркус Ериксон комплетираше рекордни 117 круга со Катерам-CT05, но со речиси пет секунди заостанување зад најбрзо време на Маса, а најохрабрувачките знаци за Рено дојдоа со темпото на Дањил Квјат со Торо Росо, кој го забележа 5-тото најбрзо време и пристоен број на извозени круга.
Утре е последниот ден од тестирањето во Бахреин, пред стартот на првата трка во Австралија на 16 Март.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фелипе Маса Вилијамс 1:33.258 99
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:33.484 + 0.226 103
3. Кими Раиконен Ферари 1:35.426 + 2.168 87
4. Кевин Магнусен Мекларен 1:35.894 + 2.636 88
5. Дањил Квјат Торо Росо 1:36.113 + 2.855 81
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.205 + 2.947 115
7. Жил Бјанки Марусија 1:37.087 + 3.829 78
8. Маркус Ериксон Катерам 1:38.083 + 4.825 117
9. Роман Грожан Лотус 1:42.166 + 8.908 33
10. Адријан Сутил Заубер без поставено време 1
11. Себастијан Ветел Ред Бул без поставено време 0