Фернандо Алонсо беше трет најбрз за Ферари, но, и неговиот тест ден беше прекинат поради промена на менувачот. Тој успеа да комплетира 74 круга. Неговото денешно време беше најбрзото за F14 T, за време на осумте тест дена на патеката Шакир. Истиот број на кругови со Италијанскиот тим, денес имаа Форс Индија и Торо Росо. Тимот со најмногу комплетирани круга беше Заубер. Двајцата возачи кои имаа на располагање по половина сесија, извозеа импресивни 177 круга, а тоа е 40 круга повеќе од било кој тим во текот на 12-те тест дена. Сутил со шестото, а Гутиерез со осмото најбрзо време на денот.
Себастијан Ветел имаше уште еден фрустрирачки ден, а RB10 имаше механички проблем на предниот дел на болидот, поради кој светскиот шампион имаше излетување надвор од патеката пред паузата за ручек. Се врати на патеката во попладневните часови, и стигна до 77 круга, но со намалено темпо. Беше деветти најбрз, но со повеќе од четири секунди зад најбрзото време.
Роман Грожан и Лотус Ф1 и последниот тест ден пред стартот на сезоната, го завршија предвреме, со само 32 круга, и уште еднаш проблеми со ПЕ на Рено.
Детална анализа и нашите заклучоци за текот на пред сезонските тест сесии следува во наредните денови, а со нестрпливост го очекуваме стартот на Австралиското Гран При на 16 Март.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:33.278 69
2. Валтери Ботас Вилијамс 1:33.987 + 0.709 108
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:34.280 + 1.002 74
4. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:35.577 + 2.299 74
5. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:35.701 + 2.423 74
6. Адријан Сутил Заубер 1:36.467 + 3.189 91
7. Макс Чилтон Марусија 1:36.835 + 3.557 61
8. Естебан Гутиерес Заубер 1:37.303 + 4.025 86
9. Себастијан Ветел Ред Бул 1:37.468 + 4.190 77
10. Џенсон Батон Мекларен 1:38.111 + 4.833 22
11. Камуи Кобајаши Катерам 1:38.391 + 5.113 106
12. Роман Грожан Лотус 1:39.302 + 6.024 32
На крајот од денешниот ден од Пирели ги објавија смешите кои ќе се користат во првите 4 трки од 2014 сезоната.
ТРКА ИЗБОР НА ГУМИ 1. Австралија Меки Медиум 2. Малезија Медиум Тврди 3. Бахреин Меки Медиум 4. Кина Меки Медиум