Луис Хамилтон беше последниот возач што ја помина целната линија, а овој тајминг му овозможи да му ја украде Пол позицијата на домашниот миленик во болидот на Ред Бул, Даниел Рикиардо, кој оваа сезона го замени Марк Вебер. Нико Розберг беше трет за Мерцедес АМГ, пред дебитант Кевин Магнусен со Мекларен. Фернандо Алонсо беше петти, пред Жан-Ерик Верн и Нико Хулкенберг. Дањил Квјат е вториот дебитант кој успеа да се пробие во Q3 и го забележа осмото најбрзо време и покрај блиската средба со бариерите во кривината со број 11. Возачите на Вилијамс, Валтери Ботас и Фелипе Маса го заокрузија Топ 10 пласманот, но Финецот доби казна од пет стартни места поназад, поради промена на менувачот.
Кими Раиконен предизвика хаос на крајот на Q2 излеувајќи од патеката на кривината со број 3. Тоа значеше и крај на надежите за пласман во Топ 10 на уште неколку други возачи, вклучувајќи ги и Шампионите, Себастијан Ветел и Џенсон Батон, кои мораа да намалат да го избегнат болидот на Ферари ја пропушти сече како тие се повлече додека полагање на местото на несреќата. Адријан Сутил ја обезбеди 13-тата, импресивниот Камуи Кобајаши со Катерам 14-тата стартна позиција. Серџо Перез го имаше најбавното време во втората сесија и ќе ја започне трката од 16-тата позиција.
Роман Грожан и Пастор Малдонадо ќе го стартуваат утрешната трка од последниот ред по тешката за нив квалификациска сесија во Алберт Парк. Роман комплетираше шест круга во Q1, сепак проблемите со мапирањето на ПЕ го спречија да постави брз круг, па така ќе мора да се задоволи само со 21-та стартна позиција. Пастор Малдонадо имаше технички проблеми со болидот, по што остана без поставено време. Покрај нив првата сесија не успеаја да ја поминат и двата болиди на Марусија, како и Естебан Гутиерес (исто така доби казна од 5 стартни места поназад, поради промена на менувачот) и Маркус Ериксон со Катерам.
Како што можеби приметивте, Квалификациите се малку променети, Q1 трае две минути помалку, кои се додадени на Q3 која сега трае 12 минути. Да ги стимулира за повеќе возење во последната сесијата ФИА одлучи најбрзите 10 возачи да добијат по еден екстра сет на гуми. Според Пирели разликата меѓу двете компоненти е 2 секунди.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес 1:44.231
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:44.548 + 0.317
3. Нико Розберг Мерцедес 1:44.595 + 0.364
4. Кевин Магнусен Мекларен 1:45.745 + 1.514
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:45.819 + 1.588
6. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:45.864 + 1.633
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:46.030 + 1.799
8. Дањил Квјат Торо Росо 1:47.360 + 3.129
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:48.079 + 3.848
10. Валтери Ботас Вилијамс 1:48.147 + 3.916
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:42.264
11. Џенсон Батон Мекларен 1:44.437 + 2.173
12. Кими Раиконен Ферари 1:44.494 + 2.230
13. Себастијан Ветел Ред Бул 1:44.668 + 2.404
14. Адријан Сутил Заубер 1:45.655 + 3.391
15. Камуи Кобајаши Катерам 1:45.867 + 3.603
16. Серџо Перез Форс Индија 1:47.293 + 5.029
Q1 Најбрзо време: Даниел Рикиардо 1:30.775
17. Макс Чилтон Марусија 1:34.293 + 4.118
18. Жил Бјанки Марусија 1:34.794 + 4.619
19. Естебан Гутиерес Заубер 1:35.117 + 4.942
20. Маркус Ериксон Катерам 1:35.157 + 4.982
21. Роман Грожан Лотус 1:36.993 + 6.818
22. Пастор Малдонадо Лотус без поставено време
107% време: 1:37.129