Доминацијата на Ред Бул е заменета со таа на Мерцедес АМГ!!!
Нико Розберг со домининантна Победа на првата трка од 2014 сезоната, победувајќи го Даниел Рикиардо за импресивни 24.5 секунди, а дебитантот Кевин Магнусен заврши како третопласиран.Нико Розберг трката ја започна со одличен старт од третата стартна позиција, престигнувајќи ги Даниел Рикиардо и Луис Хамилтон за да го превземе водството во трката. Слабиот старт на Луис Хамилтон се должел на проблеми со моторот на ПЕ, кои започнале уште при излезот од боксовите. Најверојатно откажал еден цилиндар, па затоа по два круга агонија на патеката се повлече во својата гаража. Потоа Германецот во стил на својот сонародник од минатата година ја зголемуваше својата предност, а останатите болиди не можеа да го следат неговото темпо.
Накратко беше прекинат со излегувањето на безбедносното возило, кога Валтери Ботас успеа да го уништи своето десно задно тркало на својот Вилијамс по блискиот контакт со бариерите покрај патеката. Неговиот тимски колега Фелипа Маса беше "нокаутиран" од страна на повратникот во Ф1 Камуи Кобајаши со Катерам. Инцидентот беше разгледуван по трката и помина без никакви санкции за Јапонецот.
Даниел Рикиардо за голема радост на домашната публика на одличното второ место, и одличен пласман за Ред Бул по проблематичниот подготвителен период кога се прашувавме дали ќе ја завршат трката, додуша тоа и се оствари со Себастијан Ветел, кој мораше да се откаже од трката, и издржа еден круг повеќе од Хамилтон. Имаше проблеми со електриката на неговата Рено ПЕ.
Дебитантскиот пласман на Подиумот на Австралијанецот е загрозен откако е под истрага на стјуардите поради сомневање дека неговиот болид го надминал максималниот проток на гориво кој е дозволен според новите прописи, 100кг/ч.
Уште еден дебитантски пласман на Подиумот и тоа на својата прва Ф1 трка за новиот возач на Мекларен - Кевин Магнусен. Тој го победи својот тимски колега Џенсон Батон, кој заврши на 4-тото место. Шампион од 2009 година стартуваше од 10-тата стартна позиција, го искористи излегувањето на безбедносното возило, со правовремено влегување во бокс за да добие неколку места. Мекларен се покажа во одлично издание на оваа трка, што може само да радува.
Она што не може да радува е формата на Ферари, за кои се надевавме дека ќе покажат одлични перформански на трката, но тоа не се случи. Фернандо Алонсо успеа да заврши на 5-тото место, но Италијанците ги чека напорна работа на својот нов болид, и како и минатите години започнаа со спасување на тоа што може да се спаси, и да се освојат што може повеќе поени во оваа рана фаза од сезоната. Дефинитивно немаат иновативни членови на тимот и крајно време е да се превземе нешто околу тоа. Кими Раиконен се мачеше да го држи Ф14 Т на патеката и на крај заврши на 8-мо место.
Валтери Ботас кој заврши на 6-тото место и даваше обележје на трката и беше меѓу најактивните возачи на патеката во поголемиот дел од трката. Неговите шанси за подиумот беа намалени со вчерашната казна на квалификаиите и заокружени со денешниот близок контакт со бариерите во 10 круг. Нико Хулкенберг со Форс Индија и возачите на Торо Росо ги заокружија освојувачите на бодови на денешната трка.
Заслужена победа на Нико Розберг остварена со голема разлика, но ако имаме смена на минатогодишната доминација на Ред Бул со доминација на Сребрените Стрели, тоа никако не е добро за Формула 1 и нас фановите, зошто не очекува уште една досадна сезона и покрај огромните промени на правилата за постигнување на спротивното.
Голема награда на Австралија, Алберт Парк, Мелбурн.
57 круга, 307.574км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч32:58.710
2. Даниел Рикиардо Ред Бул + 24.525
3. Кевин Магнусен Мекларен + 26.777
4. Џенсон Батон Мекларен + 30.027
5. Фернандо Алонсо Ферари + 35.284
6. Валтери Ботас Вилијамс + 47.639
7. Нико Хулкенберг Форс Индија + 50.718
8. Кими Раиконен Ферари + 57.675
9. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:00.441
10. Дањил Квјат Торо Росо + 1:03.585
11. Серџо Перез Форс Индија + 1:25.916
12. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
13. Естебан Гутиерес Заубер + 1 круг
14. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
Најбрз круг: Нико Розберг - 1:32.478
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Жил Бјанки Марусија 49
Роман Грожан Лотус 43
Пастор Малдонадо Лотус 29
Маркус Ериксон Катерам 27
Себастијан Ветел Ред Бул 3
Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 2
Камуи Кобајаши Катерам 0
Фелипе Маса Вилијамс 0
* Даниел Рикиардо дисквалификуван од Австралиското ГП.
Генерален Пласман по 1-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 25 1. Мекларен 33
2. Кевин Магнусен 18 2. Мерцедес АМГ 25
3. Џенсон Батон 15 3. Ферари 18
4. Фернандо Алонсо 12 4. Вилијамс 10
5. Валтери Ботас 10 5. Форс Индија 9
6. Нико Хулкенберг 8 6. Торо Росо 6
7. Кими Раиконен 6
8. Жан-Ерик Верн 4
9. Дањил Квјат 2
10. Серџо Перез 1