Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, изјави:
"Со почетокот на трката забележавме значителни разлики помеѓу она што нашите сензори го покажуваа во врска со протокот на гориво и сензорот на ФИА. Тие не информираа, за време на трката, но ние ги игнориравме нивните информации бидејќи имавме основани сомневања за исправноста на нивниот сензор. Ние, одлучивме да верувавме во она што го покажуваат нашите сензори, инаку ќе се соочевме со значително намалено количество на енергија во моторот, во ситуација кога ние верувавме дека сме целосно во согласност со прописите."
"Тоа е нова технологија и невозможно е да се биде 100% сигурен во точноста на тој сензор, кој патем се покажа како проблематичен во речиси секоја пред сезонска тест сесија. Донесената одлука за дисквалификација на Даниел за нас е потполно изненадувачка. Секако за овој проблем најмала вина има нашиот возач. Поднесовме приговор на оваа одлука и ние сме убедени дека ќе го одбраниме нашиот случај."