Тото Волф, вели:
"Да, јас би рекол дека имаме мала предност пред останатите, но тоа не е премногу. И, ако се види дека Ред Бул дојде со многу, многу малку километражата од тестирањето и одеднаш ја имаат втората позиција, па тоа е повик за будење за сите. Јас мислам дека не можеме да направиме ни малку пауза во напорната работа и да помислиме дека имаме удобна предност."
"Поентата е дека во регуларниот дел имавме подобрување од две секунди од почетокот до крајот на сезоната, па со овие нови болиди тоа подобрување ќе биде уште поизразено. Со оглед на тој факт, предноста брзо може да се претвори во неповолна положба во рок од неколку трки. Изминатиот викенд ја имавме првата трка од долгиот календар, ние победивме, а нашето темпо изгледаше во ред. Но, да се зборува за нас дека сме фаворити по првата трка е малку претерано."