Издржливоста на Ф14 Т беше солидна, но се уште постои простор за подобрување, со цел да се осигура дека новите и сложени ПЕ ќе го дадат својот максимум. Сепак, главната задача со која се соочува Италијанскиот тим е зголемување на ефикасноста на болидот.
Џејмс Алисон, новиот технички директор на Ферари, вели:
"Mоже да бидеме задоволни од издржливоста на F14 T, но повеќе од јасно е дека ние имаме уште многу работа за да се подобри нашиот болид и да биде на нивото на болидите на Мерцедес АМГ. Добри страни на F14 T се стартот и брзината во кривините, особено тие што се поминуваат со голема брзина, а треба да работиме на стабилноста под сопирање и брзината на правците."
"Сите неодамнешни сезони во Формула 1 се карактеризираa со жестокa битка од март до ноември. Оваа година, со сите нови прописи, можностите за подобрување на болидот се поголеми и може да очекуваме дека трката за подобрување на болидите да биде уште поинтензивна отколку нормално. Нашите перформанси во Мелбурн се неприфатливи. Ние си зададовме домашна задача и имаме намера да атакуваме на врвот со подобрувањата кои ќе ги примениме на нашиот болид."Еден од главните проблем на Ферари, според пишувањето германскиот Auto Motor und Sport е и што новиот V6 турбо мотор кој е составен дел на новата ПЕ тежи десетина килограми повеќе од предвиденото, што предизвикувало проблеми со балансот на болидот. Според нив, со истите проблеми се соочуваат и останатите Ф1 тимови кои ги користат Ферари ПЕ т.е. Заубер и Марусија.