Рено оддаде почит на оваа историја со демонстрација на патеката Силверстоун на некои од најзначајните турбо болиди кои се натпреваруваа во Ф1 шампионатот. Се разбира, оваа година новата генерација на болиди со турбо полнач ќе се врати на патеката на која е напишана историјата. RS01 беше прикажан заедно со Рено RE40, победничкиот болид управуван од страна на Алан Прост на Британското ГП во 1983 година, потоа Лотус 98T, еден од најбрзите турбо болиди, управуван од Аиртон Сена во 1986 година.
По своето деби појавување во 1977 година, RS01, воведе една нова ера на мотори во Формула 1. Првата своја Победа, RS01, ја забележа на домашен терен во Дижон, каде се одржа 1979 Француското ГП, сигнализирајќи дека тоа е вистинскиот пат за развој на моторите. Другите тимови, еден по еден, почнаа да развиваат свои турбо мотори, признавајќи дека Рено бил во право што го форсирал развојот на турбото. Се појавуваат и мотори со двојни турбо полначи, се подобрува нивното ладење, се намалуваат вибрациите и фрикцијата, па брзината на болидите достигнува невидени нивоа, со повеќе од 1000 КС за време на трката и 1300 КС во квалификациите од средината на 80-тите, само седум години од воведувањето на турбото.
Роман Грожан, кој се натпреварува со Renault Energy F1-2014 во Формула 1 шампионатот оваа година, на патеката Силверстоун комплетираше демонстративен круг во болидот со кој четирикратниот светски шампион Алан Прост стигна до втората позиција во 1983 шампионатот. Болидот е придвижуван со твин-турбо V6 мотор кој произведува околу 880КС. Прост беше победик во Франција, Белгија, Силверстоун и Австрија, со пласман на подиумот во Сан Марино, Монако и Брендс Хеч. Тој беше во трка за шампионската титула, но за жал ја пропушти последната трка од сезоната во Јужна Африка, кога, иронично, откажа турбото на неговиот болид. Нелсон Пике ја освои титулата со предност од два поени. 1983 сезоната беше најдобриот период на Рено во турбо ерата, со исто така второто место во пласманот на конструкторите.
Роман Грожан, по извозениот круг, рече:
"Возењето на овој болид во некои моменти го почувствував исто како со возењето на денешните Ф1 болиди, но многу поинакво во останатите мигови. Главната разлика е во положбата за возење и фактот што чуствуваш дека седиш на предната осовина. Управливоста со моторот, се разбира е многу различна, чувствувате дека нема моќност и потоа одеднаш се појавува, па емоции и чувствата полудуваат. Менувачот е многу поразличен и ви треба време да се навикнете на него. Може да се почувствува сопирањето, потисната сила, пролизгувањето на болидот, и болидот оди каде што тој ќе посака да се движи. Беше многу убаво да се вози овој болид, иако јас би сакал да комплетирав повеќе круга!"
"Навистина може да се почувствува разлика со турбото од оваа година. Во овие стари болиди, треба да се дојде до 2.2 бари на притисок и тогаш се исфрла вистинската моќност. Тоа би било тешко во трка. По извозениот круг, Роб Вајт, дојде да ме види и ми рече: "сега нема да се жалиш премногу на реакцијата на годинешниот турбо." Одговорив дека дефинитивно нема повеќе поплаки од моја страна!!! Tехнологија која ја имаме оваа година го прави турбото да изгледа многу лесно во споредба со овие болиди. RE40 победил на трки во 1983 година со Алан Прост, па се надевам дека и јас со мојот болид ќе го повторам истото во оваа 2014 сезона."Заедно со RS01 и RE40 беше и Лотус 98T. Тоа беше последниот од познатите JPS болиди. Управуван од Аиртон Сена и Џони Дамфрајс постигна значаен успех, особено во квалификациите. Последниот со неограничена турбо моќност, болидот беше придвижуван од V6 мотор на Рено во завршна EF15 конфигурација. И покрај проценета моќност од над 1.000 КС во трка и над 1300 КС во квалификациите моторот се покажа како неверојатно лесен за управување. До денес, тоа е најбрзиот болид на Лотус што некогаш бил направен, откако забележа 346км/ч на Мексиканското Гран При од 1986 година.
Оваа година, речиси 37 години од дебито на турбото, новите болиди се придвижувани од ПЕ, која вклучува V6 турбо мотор во комбинација со софистицирани системи за обновување на енергијата. Моторот со внатрешно согорување произведува приближно 600 КС, додека дополнителни 160 КС се произведуваат од ЕРС-системот.
Роб Вајт, техничкиот директор на Рено Спорт Ф1, ги спореди старите и новите турбо мотори:
"Со турбото од 70-тите години започна оваа историја за Рено во Формула 1. Во тоа време 1,5 литарските турбо мотори беа нешто невидено до тогаш. Се сеќавам колку импресивно и моќно делуваа на Британското Гран При, но јас сум импресиониран и со повторното воведување на турбото, бидејќи ова е сериозно најсовремена технологија. Оваа година имаме многу поразличен предизвик со турбо полначите, кои се надополнети со исклучително софистицирани системи за обновување на енергијата. Сепак, евидентно е дека има многу сличности помеѓу овие две ери. Авангарда технологија, постојани иновациии и брзи трки."На оваа демострација беа и два турбо болиди на Вилијамс, FW14B од 1992 година, управуван од страна на Најџел Менсел и FW18, управуван од Дејмон Хил во 1996 година.


























