2014 МОНАКО ГП
Распоредот на патеката, со бавни свиоци и жестоко забрзување, го прави Монако една од најпознатите индивидуални патеки од годината. Болидите користат ниски брзини, со изобилство на вртежен момент и пролизгување.
Во 2014 година, ова е поизразено со екстра вртежниот момент од хибридниот систем и турбото, што им дава на гумите повеќе работа. Болидите се подесуваат со максимална потисна сила за оваа улична патека, со аеродинамика која помага во борбата против лизгавиот асфалт. Бавните свиоци и недостатокот на аеродинамичен грип значи дека од суштинско значење е да се одржат гумите на нивната идеална работна температура, со цел да се зголеми механичкиот грип од смешите.
Асфалтот е мазен, но со нерамнини, исто така, има обоени линии и шахти, дел од уникатниот карактер на Монако. Најмеката смеша генерира најголем грип во текот на различни услови на површината, обезбедувајќи ја потребната адхезија за возачот да го контролира Формула 1 болидот низ незгодните улици на Монако.