Трката започна со огромна тензија помеѓу Хамилтон и Розберг по контроверзниот исходот од квалификациите. Стјуардите одлучија дека немало намера во излетувањето на Розберг, што го спречи Хамилтон во комплетирањето на неговиот брз круг. Британецот е убеден дека Розберг го сторил тоа намерно, а во разубедувањето дека тоа не е така не помогнал ни разговорот со Ники Лауда. Тој на крај им се заканил на двајцата свои возачи дека ако предизвикаат судир на стартот ќе имаат работа со него.
За среќа, двајцата возачи го послушаа, особено темпераментниот Хамилтон и имаа добар старт на трката. Розберг го превзеде водството по првиот свиок, и се што потоа му беше потребно е добра фокусираност за втора победа во зесоната. Позади Мерцедесите, слаб старт за Даниел Рикиардо со Ред Бул, Алонсо остана заглавен зад него, а тоа го искористија Себастијан Ветел и Кими Раиконен за 3-то и 4-то место пред Рикиардо и Алонсо.
Како што најавивме за поинтересна трка мора да излегува безбедносното возило, што се обистини веќе во првиот круг откако Мекларенот на Џенсон Батон го исфрли во бариерите болидот на Серџо Перез на излезот од Mirabeau свиокот.
Во тие моменти од трката Ветел се повлече од трката поради проблеми со ПЕ на Рено, а трката беше рестартирана со почетокот четвртиот круг, и следуваше типичното за оваа патека вовче од болиди, без можности за промена на места, дури и кога далеку помоќен болид е во напад. Затоа повторно возбудувања со следното излегување на безбедносното возило во 28 круг, предизвикано од судирот на Адријан Сутил со бариерите на излегување од тунелот.
Речиси сите возачи ја искористија оваа можност за да ги променат гумите, а болидите на Мерцедес АМГ влегоа едн по друг, ги задржаа своите позиции на патеката, но Хамилтон се пожали преку радио врските, велејќи дека тимот требало да го викне во гаражата ведна откако го виделе инцидентот, наместо да чекаат да излезе безбедносното возило.
По ре-старот во 31 круг, Нико Розберг доби порака дека треба да штеди гориво. Хамилтон константно беше зад него, но никогаш не беше во можност да се биде доволно блиску за да направи обид да го помине. Тој одеднаш, на 15-тина круга до крајот на трката, драстично го намали своето темпо, јавувајќи по радиото дека не може да гледа со левото око. Но, иако тимот се подготви за пит-стоп, тој ја продолжи трката.
Тоа му беше јавено на Даниел Рикиардо, кој успеа брзо да го стигне Британецот, но престигнувањето во Монако е научна фантастика.
Кими Раиконен ја возеше својата трка на сезоната до првиот пит-стоп, по што мораше повторно во гаражата по само еден поминат круг за да ја промени дупнатата гума, по контактот со болидот на Жил Бјанки, паѓајќи на 14 место. Со добро возење успеа да стигне до пласман во бодови, но при преамбициозниот обид да го претекне Кевин Магнусен, двајцата завршија во бариерите. Данецот падна на 10-тото место, а Кими мораше во бокс по нов нос за Ф14 Т. На крај тој заврши на 12-тото место.
Тој судир и многуте откажувања на оваа трка му го обезбедија историското 8-мо место на Жил Бјанки и Марусија. Тоа е најдобриот пласман и првите 2 бода во четири-годишната историја на овој мал тим. Не се 4, туку само 2 поради тоа што имаше казна од 5 секунди, што во официјалниот пласман од трката ќе го помести на 9-тото место, заработена поради погрешно издржување на претходната казна добиена поради завземање на грешна позиција на стартот од трката.
Нико Розберг повторно е водечки во герален пласман на возачи, и ќе остане така до следната трка за Големата Награда на Канада, која ќе се одржи од 6-8 Јуни на патеката Жил Вилнев во Торонто.
Голема Награда на Монако, Монте Карло
78 круга, 260.520км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч49:27.661
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 9.210
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 9.614
4. Фернандо Алонсо Ферари + 32.452
5. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
6. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
7. Фелипа Маса Вилијамс + 1 круг
8. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
9. Роман Грожан Лотус + 1 круг
10. Кевин Магнусен Мекларен + 1 круг
11. Маркус Ериксон Катерам + 1 круг
12. Кими Раиконен Ферари + 1 круг
13. Камуи Кобајаши Катерам + 3 круга
14. Макс Чилтон Марусија + 3 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Кими Раиконен - 1:18.479
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Естебан Гутиерес Заубер 59
Валтери Ботас Вилијамс 55
Жан-Ерик Верн Торо Росо 50
Адриан Сутил Заубер 23
Дањил Квјат Торо Росо 10
Себастијан Ветел Ред Бул 5
Серџо Перез Форс Индија 0
Пастор Малдонадо Лотус 0
Генерален пласман по 6 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Н.Розберг 122 1. Мерцедес АМГ 240
2. Л.Хамилтон 118 2. Ред Бул 99
3. Ф.Алонсо 61 3. Ферари 78
4. Д.Рикардо 54 4. Форс Индија 67
5. Н.Хулкенберг 47 5. Мекларен 52
6. С.Ветел 45 6. Вилијамс 52
7. В.Ботас 34 7. Торо Росо 12
8. Џ.Батон 31 8. Лотус 8
9. К.Магнусеб 21 9. Марусија 2
10. С.Перез 20
11. Ф.Маса 18
12. К.Раиконен 17
13. Р.Грожан 8
14. Ж.Верн 4
15. Д.Квјат 4
16. Ж.Бјанки 2