Постојат само малку можности за успешно престигнување, од кои најверојатното место за успешно престигнување е на излезот од тунелот при кочењето за влез во двојната кривина, но возачите мора да бидат внимателни затоа што излегувањето од тркачката линија може да значи и губење на контрола врз болидот. Монако бара одредена техника на возење во близина на бариери и ова е место каде што возачот може да направи вистинска разлика. Тоа е тест на ментална сила на возачите, бидејќи треба да се задржи концентрацијата на високо ниво во секој момент од текот на трката.
Како што беше случај во последните три години, меките и супермеките гуми на Пирели се повторно номинирани за Монако ГП. Тоа се двете гуми чии карактеристики се брзото загревање и големиот механички грип, што е од суштинско значење на оваа патека. Исто така, нивната деградација треба да е најниска во сезоната, што значи максимум два пит-стопа по болид треба да биде нормален просек.
За разлика од другите трки, слободните тренинзи се одвиваат во четврток, наместо петок, што има влијание на еволуцијата на патеката. Монако е особено напорна патека за сопирачките, а новиот систем на сопирање ќе предизвикува големи главоболки на возачите кои потешко се навикнуваат на brake-by-wire системот. Сопирањето предизвикува дополнително загревање на гумите, а најголемото оптоварување го имаат при влез во Sainte Devote свиокот, кога болидите намалуваат 160 км/ч во само 100 метри. Гумите, исто така, трпат исклучително тешки оптоварувања при комплексот кривини кај базенот, каде што тие удираат врз ивичниците со повеќе од 200км/ч и доживуваат странични забрзувања од 3.65Г.
Возачот прави повеќе од 130 потези со воланoт за време на еден круг, и менува степен на пренос во просек на секои 50 метри. Loews свиокот се зема со најмалата брзина во сезоната од само 47 км/ч. Поради ниската брзина, не постои аеродинамична потисна сила, така што целосната работа отпаѓа на предното десно тркало кога станува збор за менување на насоката.
Монте Карло е статистички со најголеми шанси за употреба на безбедносното возило. Минатата сезона имавме две излегувања на безбедносното возило, јасно со големо влијание на стратегијата за трка. На секоја трка каде престигнувањата се минимални, па така и во Монако, квалификациите се многу важни.
Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор | 1 |
MGU-K | 4 |
MGU-H | 3 |
Акумулатор | 4 |
Потрошувачка на гориво | 1 |
ERS-систем | 4 |