Сепак, од техничка гледна точка, Шпанското ГП е само уште една трка, а за Ферари тоа значи доведување на нови надградби за F14 T, исто што е правено од почетокот на сезоната. Ние се надеваме дека не е истото и дека овие надградби ќе бидат полн погодок. Со оглед на три неделната пауза од Кина, дизајнерите и инженерите на Италијанскиот тим имаа повеќе време за да работат на тие надградби, а за континуираното подобрување на болдиот ни објаснува Џејмс Алисон, техничкиот директор на Ферари:
"Каде можевме да ги видиме вистинските перформанси на нашиот болид? Бахреин или Кина? Грешно е да се размислува во тој правец, бидејќи тоа не беше ист болид на двете патеки. Помеѓу овие две трки, ние значително го подобривме болидот, па не се променија само карактеристиките на патеката, туку и нашиот болид.
"Ние учиме како да добиеме поголеми перформанси од овој нов сет на правила и се надеваме да го направи овој болид што поконкурентен. Клуч за успешна сезона е да се задржи подобрување на нашиот болид со секоја наредна трка. Ако можеме да го направиме тоа, со значително подобрување на перформансите на секоја трка, ние ќе чекориме напред."
"Сепак, во мотоспортот, стоперката обезбедува непобитен доказ за напредокот, a нашите ривали ќе работат со исто темпо како нашето. Во овој поглед, патеката Каталуња е совршно место за тестирање на секој аспект од перформансите на болидот и обезбедува платформа на која може да се направи споредба помеѓу болидите."
"Со Фернандо имаме извонредно ниво на перформанси, во секој можен момент, во секоја можна прилика. Кими работи исклучително добро со тимот, соработува со инженерите, ни помага да напредуваме со болидот. Тој е топ класа возач и сигурен сум дека наскоро ќе видиме резултати на патеката."
Во недела ќе се одржи 44-тата Голема Награда на Шпанија, а за Фернандо Алонсо тоа е неговата домашна трка. Пред една година тој беше Победник, а неговиот тогашен тимски колега, Фелипе Маса, исто така имаше пласман на подиумот. Од Ферари се надеваат на повторување на тој успех.