Нико Розберг на почетокот веднаш почна да поставува брзи времиња, но по радио му беше јавено дека на неговиот болид се појавил неодреден проблем со ПЕ, што значеше влез во гаражата за проверки. Но, иако неговата првична тест програма беше скратена, кога Германецот се врати на патеката го забележа најбрзо време на тренингот. Неговото најбрзо време беше нешто повеќе од една десетинка побрзо од неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Британецот во еден момент имаше блиска средба со Розберг, одбегнувајќи судир со него во почетниот дел на тренингот кога Германецот забави по проблемите со неговиот мотор.
Фернандо Алонсо имаше добар настап со Ф14 Т и на крај го забележа третото најбрзо време, пред Фелипе Маса и Џенсон Батон. Можеби можеше да го има и нешто побрзо време, но при брз круг направи грешка и излета надвор од патеката.
Форс Индија повторно со солиден настап, Серџо Перез и Нико Хулкенберг го забележаа 6-тото и 7-мото најбрзо време, пред Валтери Ботас и Кевин Магнусен, на 8-та и 9-тата позиција. Жан-Ерик Верн со Торо Росо беше најбрзиот болид придвижуван со Рено ПЕ и го заокружи Топ 10 пласманот. Французинот беше побрз од Кими Раиконен за само 0.001 дел од секундата.
Болидите на домашниот тим, Ред Бул, имаа проблеми да се задржат на патеката, Себастијан Ветел имаше извртување, а неговиот тимски колега, Даниел Рикирадо, имаше излети по тревата покрај патеката. Лотус продолжуваат да се борат за брзина со Роман Грожан само 16-ти и Пастор Малдонадо 17-ти најбрз, само пред болидите на Марусија и Катерам.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:11.295 | 19 | |
2. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:11.435 | + 0.140 | 32 |
3. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:11.606 | + 0.311 | 23 |
4. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:11.756 | + 0.461 | 27 |
5. Џенсон Батон | Мекларен | 1:11.839 | + 0.544 | 33 |
6. Серџо Перез | Форс Индија | 1:12.009 | + 0.714 | 33 |
7. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:12.072 | + 0.777 | 20 |
8. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:12.114 | + 0.819 | 21 |
9. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:12.313 | + 1.018 | 36 |
10. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:12.364 | + 1.069 | 30 |
11. Кими Раиконен | Ферари | 1:12.365 | + 1.070 | 21 |
12. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:12.372 | + 1.077 | 35 |
13. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:12.570 | + 1.275 | 28 |
14. Естебан Гутиерес | Заубер | 1:12.984 | + 1.689 | 19 |
15. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:12.988 | + 1.693 | 25 |
16. Роман Грожан | Лотус | 1:13.168 | + 1.873 | 28 |
17. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:13.642 | + 2.347 | 27 |
18. Жил Бјанки | Марусија | 1:13.738 | + 2.443 | 26 |
19. Макс Чилтон | Марусија | 1:13.857 | + 2.562 | 28 |
20. Камуи Кобајаши | Катерам | 1:14.611 | + 3.316 | 24 |
21. Адријан Сутил | Заубер | 1:14.691 | + 3.396 | 9 |
22. Маркус Ериксон | Катерам | 1:17.501 | + 6.206 | 8 |