Фернандо Алонсо повторно со третото најбрзо време, но со огромен заостаток од речиси една секунда. За разлика од него, Кими Раиконен повторно не може да забележи време за Топ 10 пласман. На ICEMAN во првиот тренинг му фалеше една илјадитинка, а сега на вториот само 0.002 делови од секундата. Карактеристика на денешните тренинзи е што освен Мерцедес АМГ сите останати се со многу мали разлики меѓу возачите.
Зад Шпанецот следат двата болиди на Вилијамс, сега Валтери Ботас со побрзо време од Фелипе Маса и повторно се конкуретни за пласман на подиумот. Себастијан Ветел повторно се бореше со РБ10, но се подобри со шестото најбрзо време. Неговиот прв обид за брз круг заврши неуспешно, кога не успеа да го земе свиокот со број 8, место каде неколку возачи имаа проблеми да останат со 4-те тркала на патеката, па тимовите добија предупредување од Чарли Вајтинг дека тоа нема да се толерира.
Џенсон Батон го забележа седмото најбрзо време и покрај тоа што го оцени својот болид како невоможен за возење со полн резервоар на гориво. Даниел Рикиардо беше осми најбрз со Ред Бул, но и тој се бореше со својот болид да комплетира еден смирен и стабилен круг на Ред Бул Ринг. Кевин Магнусен и Жан-Ерик Верн го заокружија Топ 10 пласманот.
Како што напоменавме во најавата за Австриското ГП, патеката е нова во календарот, се враќа по пауза од 2003-тата година, па тимовите ќе имаат многу податоци за анализа до почетокот на утрешните квалификации за што подобро подесување на болидите. Квалификациите се на програмата утре во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:09.542 | 37 | |
2. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:09.919 | + 0.377 | 50 |
3. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:10.470 | + 0.928 | 40 |
4. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:10.519 | + 0.977 | 44 |
5. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:10.521 | + 0.979 | 39 |
6. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:10.807 | + 1.265 | 39 |
7. Џенсон Батон | Мекларен | 1:10.811 | + 1.271 | 44 |
8. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:10.920 | + 1.378 | 36 |
9. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:10.936 | + 1.394 | 45 |
10. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:10.972 | + 1.430 | 39 |
11. Кими Раиконен | Ферари | 1:10.974 | + 1.432 | 45 |
12. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:11.261 | + 1.719 | 45 |
13. Серџо Перез | Форс Индија | 1:11.296 | + 1.754 | 36 |
14. Естебан Гутиерес | Заубер | 1:11.491 | + 1.949 | 42 |
15. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:11.765 | + 2.223 | 30 |
16. Адријан Сутил | Заубер | 1:11.806 | + 2.264 | 42 |
17. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:11.935 | + 2.393 | 39 |
18. Макс Чилтон | Марусија | 1:12.229 | + 2.687 | 43 |
19. Роман Грожан | Лотус | 1:12.262 | + 2.720 | 46 |
20. Жил Бјанки | Марусија | 1:12.279 | + 2.737 | 36 |
21. Камуи Кобајаши | Катерам | 1:12.937 | + 3.395 | 24 |
22. Маркус Ериксон | Катерам | 1:13.596 | + 4.054 | 48 |