Тимот на Вилијамс ги имаше едни од побрзите болиди на патеката, но кога изгледаше дека ќе се пласираат на вториот стартен ред, Ветел потсети на своите возачки способности и беше за само 0.002 секунди побрз од Валтери Ботас кој падна 4-тата стартна позиција, пред Фелипе Маса. Секогаш третиот Австралијанец, денес само на 6-тата стартна позиција позади болидите на Вилијамс.
Темпо на Ферари на петочните тренинзи сугерираше дека нивните болиди ќе бидат едни од побрзите, но, Фернандо Алонсо на денешните квалификации можеше само до 7-мата, а Кими Раиконен имаше последно време од Топ 10 возачите. Финецот мора да напоменеме дека имаше проблеми со сообраќајот при својот втор обид за подобрување на најбрзото негово време. Најбрзите возачи ги комплетираа Жан-Ерик Верн со Торо Росо и Џенсон Батон со Мекларен.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:14.874
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:14.953 + 0.079
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:15.548 + 0.674
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:15.550 + 0.676
5. Фелипе Маса Вилијамс 1:15.578 + 0.704
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:15.589 + 0.715
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:15.814 + 0.940
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:16.162 + 1.288
9. Џенсон Батон Мекларен 1:16.182 + 1.308
10. Кими Раиконен Ферари 1:16.214 + 1.340
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:15.054
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:16.300 + 1.246
12. Кевин Магнусен Мекларен 1:16.310 + 1.256
13. Серхио Перез Форс Индија 1:16.472 + 1.418
14. Роман Грожан Лотус 1:16.687 + 1.633
15. Дањил Квјат Торо Росо 1:16.713 + 1.659
16. Адријан Сутил Заубер 1:17.314 + 2.260
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:15.750
17. Пастор Малдонадо Лотус 1:18.328 + 2.578
18. Макс Чилтон Марусија 1:18.348 + 2.598
19. Жил Бјанки Марусија 1:18.359 + 2.609
20. Камуи Кобајаши Катерам 1:19.278 + 3.528
21. Маркус Ериксон Катерам 1:19.820 + 4.070
22. Естебан Гутиерес Заубер без поставено време
107% време: 1:21.052