Со полу-постојана патека која не се користи интензивно во текот на годината, постои ризик од грејнинг, но тренинзите не донесоа многу причини за загриженост на оваа тема. Задните гуми се особено оптоварени во Монтреал, што се должи на големата тракција што се бара за излез од бавните кривини, особено сега кога ПЕ имаа зголемен вртежен момент. Многу е лесно возачите да предизвикаат пролизгување на тркалата, ако премногу пртиснат на педалата за гас, а тоа е особено опасно при последната кривина каде се наоѓа добро познатиот "ѕид на шампионите".
Жил Вилнев патеката има најкраток круг во поглед на времето потребно тој да се комплетира, а зоните на нагло сопирање пред бавните кривини ја зголемуваат потрошувачката, па, за трката ќе бидат потребни повеќе од дозволените 100 килограми гориво. Тоа значи дека од клучно значење ќе биде добрата работа на ЕРС-состемот.
Трката започнува од 20:00 часот, на првите две стартни позиции се болидите на Мерцедес АМГ, останува само да видиме кој од нивните возачи ќе биде Победникотна 2014 Канада ГП-то.
Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор | 4 |
MGU-K | 3 |
MGU-H | 4 |
Акумулатор | 2 |
Потрошувачка на гориво | 3 |
ERS-систем | 4 |