Формула 1 од 2015 година го менува летечкиот старт по безбедносното возило со старт од мирување според позициите на болидите во тој момент. По разговорите помеѓу Ф1 тимовите за начините за подобрување на шоуто, еден од предлозите, кој според Британскиот Аутоспорт добил на интензитет во последните неколку недели, е промена на начинот на кој се рестартира трката по завршување на периодот на безбедносното возило.
Постои консензус дека сегашниот рестарт кога водечкиот болид го диктира темпото не обезбедува доволно возбуда. Според нивни извори, за овој предлог било дадено зелено светло и на состанокот на ФИА комисијата за Формула 1 во Бигин Хил, одржан оваа недела. Овој предлог предвидува од следната година, кога заостанатите болиди ќе влезат во еден круг со водечкиот, болидите ќе се подредат на стартниот грид по тој редослед. Тогаш ќе следува истата постапка за старт која што се одвива на почетокот на секоја трка.
Надежта е дека со тоа ќе има повеќе шанси за промена на позициите и поголем спектакл од летечкиот рестарт. Промена на правилата околу овој предлог треба да бидат ратификувани и на состанокот на Светскиот Совет за Мотоспорт на ФИА кој ќе се одржи следната недела во Минхен. Но, тоа би требало да биде формалност, кога се има подршка од Комисијата за Формула 1.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.