Две недели по одличната трка во Канада, на враќањето на Авсриското Гран При денес проследивме квалификации со изненадувачки исход, кој беше навестен со резултатите од саботниот тренинг кога Валтери Ботас го имаше најбрзото време.
Q1 сесијата повеќето болиди ја започнаа на меките гуми, освен најбавните 6 кои стартуваа на супер-меките, но, ни тоа не им помогна да поминат во Q2 сесијата. Во овој дел немаше некои поголеми возбудувања, освен излетувањата на Грожан, Бјанки, Батон. Дисквалификација на времиња имаше за Ботас, Кобајаши, Квјат, Ериксон, Гутиерез, Алонсо поради напуштање на патеката со 4 тркала при незгодниот осми свиок. Не беа тоа намерни скратувања, туку грешки на овие возачи. На крајот сите тимови освен Мерцедес АМГ, Вилијамс, Ферари и Вилијамс ја завршија сесијата на супер-меките гуми на Пирели. На врвот Мерцедесите изгледаа силни, Луис Хамилтон со најбрзото време, а Дањил Квајт ги раздели со Нико Розберг, но со помош на супер-меките гуми. Торо Росо има нови предно и задно крило, како и нов дифузер за оваа трка.
Q2 е сесијата во која со какви гуми ќе се постави најбрзото време со тие и мора да се стартува, па така сите болиди беа на супер-меки гуми. Прв најбрзо време забележа Кевин Магнусен, кој неодамна се има тркано на оваа патека во пониските мото категории. Фернандо Алонсо по него имаше незгодно излетување по тревата на влез во последниот правец на патеката. Следат Ботас и Маса со најбрзите времиња забележани до тој момент, но Мерцедесите ја покажаа својата доминација и при првиот нивни брз круг со уште побрзи времиња и наскоро беше пробиена границата од 1:09. Болидите на Ред Бул имаат незадоволителен викенд пред домашната публика. Себастијан успеа да стигне само до 13-тото најбрзо време, а неговиот тимски колега успеа да се протне во Top 10 пласманот. Во овој дел од кваливикациите Нико Розберг го имаше најбрзото време, пред Луис Хамилтон. Добри настапи на Дањил Квјат и Кевин Магнусен.
Само четворица возачи со пласман во Q3 сесијата на сите досегашни трки и тоа: Розберг, Хамилтон, Рикиардо и Алонсо. Прв на патеката излезе Алонсо,следен од Магнусен, па Рикиардо. На акцијата се приклучија и болидите на Вилијамс и Мерцедес АМГ, а само Раиконенбеше сеуште во својата гаража. Прв најбрзо време постави Валтери Ботас, пред Фелипе Маса. Во тие моменти Хамилтон леташе на патеката и забележа за 0.3 десетинки од секундата побрзо време од Ботас во првиот и вториот сектор, но кога требаше да финишира направи грешка во последниот свиок, излезе надвор од патеката, со што неговото време беше дисквалификувано. Розберг го комплетираше својот прв брз круг, но со време само за втората позиција.
По промената на гуми и финалните подесувања во гаражите на тимовите кои изборија пласман во 10-те најбрзи следеше рунда на последните брзи кругови за оваа Q3 сесија. Прв на патеката го проследивме Ботас, кој направи грешна во 7-от свиок, што најверојатно го чинеше Пол позиција. Следуваше Луис Хамилтон, прв од болидите на Мерцедес АМГ, но неверојатно, прави уште една грешка и ги заврши кваливикациите без поставено време. По неговите стапки и Нико Розберг, но за среќа тој имаше време од првиот брз круг, доволно за третата стартна позиција. Кога сите водечки летаа надвор од патеката, Фелипе Маса смирено и најконцентрирано од сите го комплетираше својот брз круг без поголеми грешки, со што ја забележа својата Прва Пол Позиција оваа сезона и за тимот на Вилијамс.
Интересен развој на настаните на денешните квалификации и најава за интересна трка која започнува утре со почеток во 14:00 MK.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Фелипе Маса Вилијамс 1:08.759
2. Валтери Ботас Вилијамс 1:08.846 + 0.087
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:08.944 + 0.185
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:09.285 + 0.526
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:09.466 + 0.707
6. Кевин Магнусен Мекларен 1:09.515 + 0.756
7. Дањил Квјат Торо Росо 1:09.619 + 0.860
8. Кими Раиконен Ферари 1:10.795 + 2.039
9. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ без поставено време
10. Нико Хулкенберг Форс Индија без поставено време
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:08.974
11. Серџо Перез Форс Индија 1:09.754 + 0.780*
12. Џенсон Батон Мекларен 1:09.780 + 0.806
13. Себастијан Ветел Ред Бул 1:09.801 + 0.827
14. Пастор Малдонадо Лотус 1:09.939 + 0.965
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:10.073 + 1.099
16. Роман Грожан Лотус 1:10.642 + 1.668
* пет стартни места поназад
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:09.514
17. Адријан Сутил Заубер 1:10.825 + 1.311
18. Естебан Гутиерес Заубер 1:11.349 + 1.835
19. Жил Бјанки Марусија 1:11.412 + 1.898
20. Камуи Кобајаши Катерам 1:11.673 + 2.159
21. Макс Чилтон Марусија 1:11.775 + 2.261**
22. Маркус Ериксон Катерам 1:12.673 + 3.159
** три стартни места поназад
107% време: 1:14.379