2014 УНГАРИЈА ГП
Пирели, заедно со Ф1 тимовите, имаше 800 километарско патување од Хокенхајм во Будимпешта за последното Гран При пред почетокот на летната пауза во Шампионатот. Хунгароринг е првата Ф1 патека изградена зад поранешната Железна завеса во далечната 1986 година. Таа претставува постојан објект, но, има многу од карактеристиките на уличните патеки, со тесни и кривулести свиоци и асфалт кој пружа низок грип, со што акцентот се става на механичкиот грип. Во минатото, трката често се одржуваше на многу жешко време, но, дождот понекогаш знае да изненади. Пирели ги донесе Белите медиум, заедно со Жолтите меки гуми, смеши кои треба да обезбедат вистински компромис помеѓу перформансите и отпорноста на високи температури. Иако Хунгароринг не е особено сурова кон гумите, многуте свиоци не им дозволуваат на смешите премногу да се изладат во текот на еден круг.