За жал неговиот тимски колега, Фелипе Маса, ја нема неговата среќа и веќе трета трка со ред не стигнува до целта, а на последните две ни да го комплетира првиот круг. Кевин Магнусен беше виновникот. Маса сврте низ носот на Мекларенот и се преврте наопаку. Инцидентот го донесе безбедносното возило на патеката, но исто така го принуди Рикиардо да го избегнува во широк лак, по што падна на 14 место. Неговиот тимски колега, Себастијан Ветел, имаше среќа и ја искористи можноста за да дојде на третото место, со Алонсо веднаш зад него.
Безбедносното возило беше брзо повлечено, веќе по вториот круг, за потоа да гледаме како Нико Розберг ја зголемува својата предност од круг во круг, а Луис Хамилтон ја правеше интересна со напредување низ поредокот. За рзлика од водечките болиди кои стартуваа на супер-меките гуми и мораа порано во боксовите за промена, Британецот беше на меките гуми и во бокс влезе во 26=от круг, паѓајќи од трето на осмо место, па мораше повторно да претекнува. При претекнувањето на Џенсон Батон, направи лоша проценка, мислејќи дека ќе биде пропуштен, но дојде до контакт, кога беше оштетено неговото предно крило. Од Мерцедес одлучија да не го променуваат, но, од тој момент тоа предизика зголемена деградација на предната лева гума, што можеби го чинеше второ место.
Очекувавме дека Фернандо Алонсо ќе води борба со Себастијан Ветел за 4-тото, но добивме борба со Даниел Рикиардо за 5-тото место. Воедно, претекнувањето на Шпанецот, кое започна при свиокот со број 6 и заврши од надворешната страна на Свикот со број 8, беше еден од најдобрите потези на оваа трка.
Ф1 тимовите имаат малку време да се спакуваат и се преселат во Будимпешта, каде на Хунгароринг веќе следниот викенд се вози Големата Награда на Унгарија.
Голема Награда на Германија, Хокенхајм
67 круга, 306.458км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч33:42.914
2. Валтери Ботас Вилијамс + 20.789
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 22.530
4. Себастијан Ветел Ред Бул + 44.014
5. Фернандо Алонсо Ферари + 52.467
6. Даниел Рикиардо Ред Бул + 52.549
7. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:04.178
8. Џенсон Батон Мекларен + 1:24.711
9. Кевин Магнусен Мекларен + 1 круг
10. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
11. Кими Раиконен Ферари + 1 круг
12. Пастор Малдонадо Лотус + 1 круг
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
14. Естебан Гутиерес Заубер + 1 круг
15. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
16. Камуи Кобајаши Катерам + 2 круга
17. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
18. Маркус Ериксон Катерам + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:19.908
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Адријан Сутил Заубер 48
Дањил Квјат Торо Росо 45
Роман Грожан Лотус 27
Фелипе Маса Вилијамс 1
Генерален пласман по 10 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 190 1. Мерцедес АМГ 366
2. Луис Хамилтон 176 2. Ред Бул 188
3. Даниел Рикиардо 106 3. Вилијамс 121
4. Фернандо Алонсо 97 4. Ферари 116
5. Валтери Ботас 91 5. Форс Индија 98
6. Себастијан Ветел 82 6. Мекларен 96
7. Нико Хулкенберг 69 7. Торо Росо 15
8. Џенсон Батон 59 8. Лотус 8
9. Кевин Магнусен 37 9. Марусија 2
10. Фелипе Маса 30
11. Серџо Перез 29
13. Жан-Ерик Верн 9
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 6
16. Жил Бјанки 2