Луис Хамилтон го изедначи резултатот, но повторно проблеми со неговиот болид...
Вториот слободен тренинг за Големата Награда на Британија започна со ветровито време и температура од 22 степени и само 10 шанси за дожд. Но, веќе за утрешниот ден се предвидува дека ќе имаме влажна сабота. Тимовите имаа полни раце работа да ги поминат своите предвидени програми и го искористат убавото и суво време. Додека на утринскиот тренинг ги гледавме само тврдите,на вториот возачите ги искористија и медиум гумите за поставување на побрзи времиња. Никаво иненадување не беше што болидите на Мерцедес АМГ ги поставија најбрзите времиња, но сега Луис Хамилтон беше за 2 десетинки побрз од Нико Розберг. Резултатот по денешниот ден е 1:1. Но, по поставување на брзите времиња, кога дојде време за подолгите стинтови, дојдоа и проблемите за Британецот.
Речиси веднаш по излегувањето од боксовите неговиот болид застана на патеката со изгаснат мотор и потешкотии во менувањето на брзини. Разочараниот Луис мораше пеш до својата гаража да види што е проблемот. Педи Лов за СКАЈ Ф1 изјави дека не би требало да има поголеми проблеми за Луис, бидејќи во петок се возат стари, користени ПЕ.
Времињата забележани при долгите стинтови ни покажаа дека Мерцедес АМГ нема да има конкуренција од другите тимови, освен од самите себе, ако не тече се по план со издржливоста. По нив следат болидите на Ред Бул, кои исто така имаа прилично добри времиња, а секога третиот Фернандо Алонсо, беше веднаш зад нив.
Третиот слободен тренинг започнува утре во 11:00 CET/MK
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:34.508 | 14 | |
2. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:34.736 | + 0.228 | 35 |
3. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:35.244 | + 0.736 | 32 |
4. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:35.511 | + 1.003 | 11 |
5. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:35.627 | + 1.119 | 27 |
6. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:36.016 | + 1.508 | 33 |
7. Џенсон Батон | Мекларен | 1:36.228 | + 1.720 | 34 |
8. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:36.299 | + 1.791 | 35 |
9. Кими Раиконен | Ферари | 1:36.554 | + 2.046 | 29 |
10. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:36.583 | + 2.075 | 26 |
11. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:36.671 | + 2.163 | 29 |
12. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:36.778 | + 2.270 | 31 |
13. Естебан Гутиерес | Заубер | 1:36.951 | + 2.443 | 35 |
14. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:37.064 | + 2.556 | 35 |
15. Роман Грожан | Лотус | 1:37.097 | + 2.589 | 33 |
16. Серџо Перез | Форс Индија | 1:37.236 | + 2.755 | 37 |
17. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:37.449 | + 2.941 | 27 |
18. Адријан Сутил | Заубер | 1:37.520 | + 3.012 | 25 |
19. Жил Бјанки | Марусија | 1:38.658 | + 4.150 | 11 |
20. Камуи Кобајаши | Катерам | 1:39.068 | + 4.560 | 31 |
21. Макс Чилтон | Марусија | 1:39.224 | + 4.716 | 28 |
22. Маркус Ериксон | Катерам | 1:39.762 | + 5.254 | 21 |