2014 БРИТАНИЈА ГП
Силверстоун е патека што го тестира секој аспект на перформансите, бара потисна сила, како и добра шасија и мотор со многу моќ и вртежен момент. Болидите често забрзуваат низ свиоците, наметнувајќи тешки услови за смешите и структурата. Комбинираните странични и надолжни сили генерираат многу високо ниво на оптовареност.
Оваа сила која притиска надолу врз болидот доведува до големи вертикални оптоварувања на структурата на гумата, особено на нерамните правци и во областите за сопирање. Низ свиоците, комбинацијата од потисна сила и грип генерирa високо ниво на странични сили, кои заедно со вертикалните оптоварувања значат тешки услови за работа на гумите.
Површината на патеката е доста груба, со испакнатини во областите за сопирање, како и во одредени брзи делови. Високата потисна сила обезбедува оптимален грип помеѓу гумите и патеката. Агресивната површина, високата потисна сила и долгите свиоци комбинирани заедно обезбедуваат значаен предизвик за гумите со некои од највисоките нивоа на деградација на гумите во текот на годината.