Сузи Волф не се изнавозе многу, откажа ПЕ на Мерцедес...
По двонеделната пауза од трката во Австрија, Ф1 карванот се пресели на Силверстоун, каде викендов се одржува јубилејната 50-та Гран При трка. Во фокусот на вниманието е дали Луис Хамилтон ќе го победи Нико Розберг на домашната за него патека. По првиот тренинг резултатот е 1:0 за Германија, но почетното водство не значи и предност за водечкиот во генералниот пласман на возачи.На првиот тренинг вниманието го привлече и дебито на Сузи Волф, првата жена во официјална сесија на Ф1 Шампионатот по подолго време, т.е. од 1992 година. Веднаш излезе на патеката, извозе еден инсталациски круг, па се врати во гаражата на последни проверки пред вистинската акција. Во меѓувреме Пастор Малдонадо со својот Лотус стигна само до излезот на боксовите, кога му беше кажано да запре и механичарите со туркање го вратија во нивната гаража. Тоа беше крај на сесијата за него.
По добиената дозвола, г-ѓа Волф повторно на патеката, комплетираше еден круг, и веќе во наредниот беше покрај патеката. Пријави дека болидот го изгубил притисокот на маслото. Со тоа нејзиното деби заврши неславно. Подоцна и беше соопштено дека ПЕ на Мерцедес е уништена и нема повеќе да се врати на патеката.
За катастрофата на Вилијамс да биде поголема, Фелипе Маса излета при својот брз круг и го уништи својот болид во бариерите покрај патеката. Тоа беше крај за двата болиди на Вилијамс на само десет минути од почетокот на тренингот.
Излетувањето на Маса предизвика 27-минутно црвено знаме. По пауза возачите продолжија со внимателно темпо, никој не ризикуваше повеќе од потребното и во такви услови Мерцедес АМГ нормално заврши на првите две позиции.
Фернандо Алонсо беше единствениот возач во иста секунда со водечките, а Даниел Рикиардо иако пријави можен проблем со менувачот го забележа четвртото најбрзо време. Нивните тимски колеги, иако ги имаа петтото и шестото најбрзо време, Кими Раиконен пред Себастијан Ветел, но тие се уште не може да ги контролираат нивните болиди на патеката. Во топ 10 пласманот на првиот тренинг завршија уште и двата болиди на Мекларен и Торо Росо.
Вториот слободен тренинг за Големата Награда на Британија следува во 15:00 CET/MK.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:35.424 | 25 | |
2. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:36.155 | + 0.731 | 22 |
3. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:36.263 | + 0.839 | 23 |
4. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:36.623 | + 1.199 | 21 |
5. Кими Раиконен | Ферари | 1:36.703 | + 1.279 | 23 |
6. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:36.921 | + 1.497 | 20 |
7. Џенсон Батон | Мекларен | 1:36.963 | + 1.539 | 25 |
8. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:37.175 | + 1.751 | 29 |
9. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:37.227 | + 1.803 | 25 |
10. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:37.231 | + 1.807 | 30 |
11. Серџо Перез | Форс Индија | 1:37.720 | + 2.296 | 22 |
12. Роман Грожан | Лотус | 1:37.910 | + 2.486 | 21 |
13. Естебан Гутиерес | Заубер | 1:38.056 | + 2.632 | 18 |
14. Даниел Хундадеља | Форс Индија | 1:38.083 | + 2.659 | 23 |
15. Гидо ван дер Гард | Катерам | 1:38.328 | + 2.904 | 19 |
16. Жил Бјанки | Марусија | 1:38.917 | + 3.493 | 12 |
17. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:39.461 | + 4.037 | 7 |
18. Макс Чилтон | Марусија | 1:39.814 | + 4.390 | 24 |
19. Маркус Ериксон | Катерам | 1:40.597 | + 5.173 | 19 |
20. Робин Фријнс | Заубер | 1:42.261 | + 6.873 | 11 |
21. Сузи Волф | Вилијамс | 1:44.212 | + 8.788 | 4 |
22. Пастор Малдонадо | Лотус | / | / | 2 |