Силверстоун е брзa, флуидна пaтека која e комбинација од брзи кривини на почетокот со голем број на бавни кривини кон крајот на кругот. Maggots, Becketts and Chapel се издвојуваат како една од најсложените комбинациии на кривини во шампионатот.
Патеката е изградена на воен аеродром и е на ветровито место, со налети на ветрот што често може да го нарушат балансот на болидите. Временските услови во Силверстоун историски гледано се многу неконзистентни. Често се случувало да има дожд во некоја фаза на тркачкиот викенд. Минатата година, на пример, и двата петочни тренинзи се одржаа на влажна патека, што сега за сега не е случај и оваа сезона. Варијациите во температурата, исто така, може да бидат доста значајни и да се движат од ниски 18 до веќе 27 степени следниот ден. Се ова има значајна улога во успешното подесување на болидот.
Силверстоун е широка патека со многу место за излетување околу повеќето свиоци, така што ризикот за излегување на безбедносното возило е минимален. Згора на тоа, маршалите покрај патеката се рангирани меѓу најдобрите во светот, па повеќето инциденти се расчистуваат брзо и ефикасно. Оваа патека е една од подобрите во однос за претекнувањето. Постојат многу брзи свиоци кои кои овозможуваат одлични можности за претекнување. Возачите можат да пренесат многу брзина во нив, но, исто така, и да се движат по различни линии при нивното поминување и при излезот, што во суштина е она што доведува до претекнување.
Пирели за оваа трка ги донесе своите најтврди смеши, не сакајќи да се повтори 2013 година, која ни покажа дека ова е една од најтешките патеки во календарот во однос на гумите. Сепак, тешко да има повторување на минатата година, бидејќи 2014 смешите се поконзервативни од оние во 2013 година и веќе се докажаа на минатите трки.
За разлика од патеките како што на пример е Барселона, постојат многу малку зони на силно сопирање каде што може брзо да се наполнат акумулаторите на ЕРС-системот. Ова значи дека, тимот што има ефикасен ЕРС-систем и при собирање на кинетичката енергија и при имплементирање на неговата енергија, толку побрзи ќе бидат нивните болиди.
Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор | 4 |
MGU-K | 3 |
MGU-H | 4 |
Акумулатор | 3 |
Потрошувачка на гориво | 4 |
ERS-систем | 4 |