Трансферот на сопственоста е со непосреден ефект. Кристијан Алберс, поранешниот Холандски Формула 1 возач со помош на Манфреди Равето, ќе го преземе раководењето на тимот, со директна одговорност пред новиот осбор на инвеститори. Cyril Abiteboul, досегашниот шеф, го напушта тимот во потрага по нови предизвици.
Кристијан Алберс:
"Ние сме свесни за огромниот предизвик пред нас со оглед на борбата во долниот крај на пласманот, па нашата цел сега е да се стремиме кон десеттото место во 2014 сезоната. Ние сме многу посветени на иднината на тимот и ние ќе осигураме тимот да ги има потребните ресурси за да се развива и расте и да постигнува се она за што е способен."