На Светскиот совет за мотоспорт (WMSC) чиј состанок беше одржан во Минхен беа донесени следните одлуки кои се однесуваат на Ф1 Шампионатот:
- Последниот датум до кој спортските и технички прописи може да се изменат без едногласна согласност е променет од 30 Јуни на 1 Март секоја година, почнувајќи од 2015 година.
Промени на Спортските Прописи за 2015 сезоната
ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ
- Бројот на ПЕ кои му се на дозволени на секој возач во една сезона ќе биде четири. Меѓутоа, ако постојат повеќе од 20 трки во една сезона, бројот ќе се зголеми на пет. Казната за комплетна промена на ПЕ ќе биде старт од задниот дел на поредокот, а не боксот.
АЕРОДИНАМИЧКО ТЕСТИРАЊЕ
- Бројот на часови поминати во воздушен тунел ќе се намали од 80 на 65 часа неделно.
- Wind-on часовите треба да се намалат од 30 часа неделно на 25 часа.
- Употребата на Компјутерската флуидна динамика (CFD)се намалува од 30 на 25 терафлопс.
- Ќе биде доволено двократно работно време во воздушниот тунел, наместо досега еднократно дозволеното.
- Ф1 тимовите ќе може да номинираат само еден воздушен тунел во една година.
ТЕСТИРАЊЕ
- Ќе има три пред-сезонски тест сесии од по четири дена и секоја од нив ќе биде одржана во Европа од 2015 сезоната. Од 2016 сезоната ќе гледаме само две пред-сезонски тест сесии од по четири дена.
- Ќе има две сезонски тест сесии од по два дена во Европа, наместо сегашните четири. Два од овие четири дена треба да бидат резервирани за младите возачи.
СПЕЦИФИКАЦИИ НА БОЛИДОТ НА ЕДЕН ГП ВИКЕНД
- Сегашните ограничувања за подесувањето на болидот ќе се применуваат од почетокот на третиот слободен тренинг, наместо од почетокот на квалификациите како досега.
ТРКАЛА И ГУМИ
Забраната на ќебињата за загревање на гумите ќе биде укината за 2015 година. На оваа тема повторно ќе биде дискутирано ако и кога тркалата и дијаметарот на гумите би се зголемиле во иднина.
ПОЛИЦИСКИ ЧАС
Полицискиот час кој започнува во петок навечер ќе биде продолжен од шест на седум часа во 2015 година и ќе се зголеми на осум часа во 2016 година.
РЕСТАРТ ПО БЕЗБЕДНОСНОТО ВОЗИЛО
Рестартот на трката по повлекувањето на безбедносното возило ќе биде од мирување од стартно целната рамнина. Ова нема да важи ако безбедносното возило се искористи во рок од два круга на Стартот (или рестарт) на трката или ако има помалку од пет круга до завршување на трката.
Направени се одреден број на промени во техничките прописи за 2015 година, меѓу кои се:
- Одреден број на нови прописи за носеви на болидот кои ќе обезбедат подобрување на безбедноста и естетиката на болидите.
- Одреден број на нови прописи кои се однесуваат на подножјето на болидот за да се осигура дека тоа е направено од полесни материјали (титаниум) и е покомпактно.
- Нови прописи за да се обезбеди дека дисковите на сопирачката ќе ротираат во иста брзина како и тркалата.
- Задолжително се воведува двојно обезбедување за тркалата.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.