Хамилтон беше на Пол позицијата, но имаше лош старт, по што падна на четвртото место по првиот свиок. Му беа потребни 10 круга да се пробие до второто место, за потоа да следи притисок кон неговиот тимски колега. До првото и единствено влегување во бокс за промена на гумите, немаше шанси за блиска борба, но после тоа разликата почна да се намалува, и покрај советот од тркачкиот инженер на Британецот да ги штеди гумите за подоцнежен напад.
Сепак, не дочекавме да видиме како ќе се однесуваат кога ќе бидат еден зад друг, бидејќи Розберг направи грешка не успевајќи да ја фати првата кривина и продолжи право по помошната патека, по кој знае кој пат овој викенд. Хамилтон го превзеде водството и од тој момент натаму не изгледашево нити еден момент дека ќе му биде загрозена Победата.
Маса имаше досадна трка за третото место, со што го забележа својот прв подиум од 2013 година и Шпанското Гран При. Валтери Ботас, неговиот тимски колега кој пред почетокот на трката беше најголем фаворит за ова место на подиумот, со многу лош старт си ги расипа шансите за висок пласман, за на крај да стигне само до четвртото место.
Даниел Рикиардо кој заврши на 5-тото место, исто така, мораше да се пробива низ поредокот по лош старт, притоа изведувајќи неколку супер претекнувања, вклучувајќи го и својот тимски колега, но тоа и се очекуваше, бидејќи оваа сезона тој е N.1 во Ред Бул. Серџо Перез стигна до 7-то место и тоа е можеби возачот кој извозе перфектна трка, но штета што ја нема постојаноста и континуитетот на добри резултати. Од Мекларен се очекуваше повеќе на оваа трка, но Батон само 8-мо место, а неговиот колега по казната од 5 секунди забележа само еден бод на 10-тото место.
Ферари го приреди најголемото разочарување на денешната трка, Кими Раиконен заврши на 9-тото место, а неговиот тимски колега Фернандо Алонсо, кој стартуваше од седмата позиција, го забележа својот прв механички проблем после пет години, и прв од ваков тип во Ферари, кога неговиот F14Т запре покрај патеката после првата кривина, точно пред домашните Тифози.
Голема Награда на Италија, Монца
53 круга, 306.720км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1h19m10.236
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 3.175
3. Фелипе Маса Вилијамс + 25.026
4. Валтери Ботас Вилијамс + 40.786
5. Даниел Рикиардо Ред Бул + 50.309
6. Себастијан Ветел Ред Бул + 59.965
7. Серџо Перез Форс Индија + 1:02.518
8. Џенсон Батон Мекларен + 1:03.063
9. Кими Раиконен Ферари + 1:03.535
10. Кевин Магнусен Мекларен + 1:06.171
11. Дањил Квјат Торо Росо + 1:11.184
12. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:12.606
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:13.093
14. Пастор Малдонадо Лотус + 1 круг
15. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
16. Роман Грожан Лотус + 1 круг
17. Камуи Кобајаши Катерам + 1 круг
18. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
19. Маркус Ериксон Катерам + 2 круга
20. Естебан Гутиерес Заубер + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:28.004
БЕЗ ПЛАСМАН:
Фернандо Алонсо Ферари 29
Макс Чилтон Марусија 6
Генерален пласман по 13 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 238 1. Мерцедес АМГ 454
2. Луис Хамилтон 216 2. Ред Бул 272
3. Даниел Рикиардо 166 3. Вилијамс 177
4. Валтери Ботас 122 4. Ферари 162
5. Фернандо АЛонсо 121 5. Мекларен 110
6. Себастијан Ветел 106 6. Форс Индија 109
7. Џенсон Батон 72 7. Торо Росо 19
8. Нико Хулкенберг 70 8. Лотус 8
9. Фелипе Маса 55 9. Марусија 2
10. Кими Раиконен 41
11. Серџо Перез 39
12. Кевин Магнусен 38
13. Жан-Ерик Верн 11
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 8
16. Жил Бјанки 2