Во Q1 сесијата повеќето возачи се обидоа да поминат понатака со тврдите гуми на Пирели, со цел да ги зачуваат медиум гумите за втората сесија. Хамилтон го имаше најбрзото време од 1:25.363, пред Рзоберг, Маса, Ботас. Најслабите денес мораа да ги користат медиум гумите, но ни тоа не им помогна многу па очекувано квалификациите веќе на стартот завршија за болидите на Лотус, Катерам и Марусија.
Во Q2 сесијата веднаш се започна на медиум гумите, т.е. првиот избор на водечките тимови за старт на трката. Најбрзи повторно болидите на Мерцедес АМГ и Вилијамс. Пред започнувањето на последните кругови, во зоната за отпаѓање беа, Кевин Магнусен на 11-тата позиција, а потоа следуваа Квјат, Верн, Нико Хулкенберг, Естебан Гутиерес и Сутил. Нивната цел беше 1:26.110 забележано од страна на Кими Раиконен на 10-тата позиција.
Кевин Магнусен го направи одлучувачкиот круг за пласман во Топ 10, Дањил Квјат исто така забележа побрзо време од Кими, но доволно само за 11-тата стартна позиција, додека Финецот во последниот круг направи грешка, предизвикувајќи големо разочарување за домашните фанови, кои по добрите резултати во тренинзите очекуваа многу повеќе од болидите на Ферари, а не 12-тата позиција. Жан-Ерик Верн беше 13-ти, Хулкенберг, Сутил и Гутиерез.
После првите излегувања во Q3 сесијата најбрзото време го забележа Луис Хамилтон од 1:24.109, четири десетинки пред Нико Розберг. На Британецот му беше кажано дека единственото место каде што биможел да ја загуби пол позицијата е првиот сектор. Зад двата болиди на Мерцедес АМГ по првите брзи кругови беа Ботас, Маса, Батон, Ветел, Алонсо, Магнусен, Рикиардо и Перез.
Кој брка време тој излегува прв на патеката, па така Нико Розберг беше првиот болид на Мерцедес кој излезе на патеката за последниот брз круг и веднаш со најбрзо време од сите во првиот сектор. Првата цел беше исполнета, имаше подобрување и во вториот сектор, но последниот сектор не беше доволно добар, па неговиот круг од 1:24.383беше две десетинми побавен од најбрзото време на Хамилтон, кој исто така први второто излегување на патеката не успеа да го подобри своето време, но можеше да ја прославува својата петта Пол позиција во сезоната и негова прва по Шпанското ГП.
Болидите на Вилијамс, Ботас пред Маса, го задржаа вториот стартен ред. Кевин Магнусен го подобри своето време и ќе стартува од 5-тата позиција, пред тимскиот колега Џенсон Батон. Фернандо Алонсо и Ферари неочекувано не можеа повеќе од 6-тата позиција, но барем беа подобри од болидите на Ред Бул, Ветел и Рикиардо на 8-та и 9-тата стартна позиција. Топ 10 пласманот со заокружи Серџо Перез со болидот на Форс Индија.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.109
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.383 + 0.274
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:24.697 + 0.588
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:24.865 + 0.756
5. Кевин Магнусен Мекларен 1:25.314 + 1.205
6. Џенсон Батон Мекларен 1:25.379 + 1.270
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:25.430 + 1.321
8. Себастијан Ветел Ред Бул 1:25.436 + 1.327
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:25.709 + 1.600
10. Серџо Перез Форс Индија 1:25.944 + 1.835
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:24.560
11. Дањил Квјат Торо Росо 1:26.070 + 1.510*
12. Кими Раиконен Ферари 1:26.110 + 1.550
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:26.157 + 1.597
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.279 + 1.719
15. Адријан Сутил Заубер 1:26.588 + 2.028
16. Естебан Гутиерес Заубер 1:26.692 + 2.132
* казна од 10 стартни места поназад за користење 6-та ПЕ
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:25.363
17. Пастор Малдонадо Лотус 1:27.520 + 2.157
18. Роман Грожан Лотус 1:27.632 + 2.269
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:27.671 + 2.308
20. Жил Бјанки Марусија 1:27.738 + 2.375
21. Макс Чилтон Марусија 1:28.247 + 2.884
22. Маркус Ериксон Катерам 1:28.562 + 3.199
107% време: 1:31.338