Она што радува е фактот што Ферари ги имаше третото и четврто најбрзо време, со многу малку заостанување зад водечките болиди на Мерцедес АМГ. Повторно Кими Раиконен е добро расположен и беше само десетинка зад најбрзото време. Фернандо Алонсо веднаш зад него со околу 2 десетинки заостанување зад својот тимски колега.
Во најбрзите 10 имаше место за болидите на Вилијамс, одличниот Мекларен и Ред Бул. Toa се тимовите кои ќе се борат за подиумот, борбата помеѓу Вилијамс и Ферари се очекува да биде возбудлива, а меѓу водечките може да се замешаат болидите на Мекларен и Ред Бул. Даниел Рикиардо имаше многу проблематичен ден, па затоа и не можеше да биде подобро пласиран на табелата.
На долниот дел од табелата Марусија беше побрза од Лотус, тим кој има големи проблеми на оваа патека. Камуи Кобајаши се врати во болидот на Катерам и беше побрз од Маркус Ериксон, кој веќе покажува дека не е и некој возач, а единственото нешто што го држи на патеката се неговите јаки спонзори. Досега не успеа да биде побрз од нити еден тимски колега, а изминативе недели ги имаше многу.
Утре не очекува Саботниот тренинг во 11:00 СЕТ/МК и Квалификациите кои започнуваат во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ

ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:26.225 | 41 | |
2. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:26.286 | + 0.061 | 16 |
3. Кими Раиконен | Ферари | 1:26.331 | + 0.106 | 31 |
4. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:26.565 | + 0.340 | 26 |
5. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:26.758 | + 0.533 | 34 |
6. Џенсон Батон | Мекларен | 1:26.762 | + 0.537 | 34 |
7. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:26.762 | + 0.537 | 27 |
8. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:26.881 | + 0.656 | 44 |
9. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:26.935 | + 0.710 | 33 |
10. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:26.992 | + 0.767 | 37 |
11. Серџо Перез | Форс Индија | 1:27.079 | + 0.854 | 42 |
12. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:27.227 | + 1.002 | 39 |
13. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:27.476 | + 1.251 | 37 |
14. Естебан Гутиерез | Заубер | 1:27.840 | + 1.615 | 33 |
15. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:27.929 | + 1.704 | 33 |
16. Адријан Сутил | Заубер | 1:28.029 | + 1.804 | 35 |
17. Жил Бјанки | Марусија | 1:28.659 | + 2.434 | 34 |
18. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:28.700 | + 3.475 | 42 |
19. Макс Чилтон | Марусија | 1:28.786 | + 3.561 | 29 |
20. Роман Грожан | Лотус | 1:29.085 | + 3.860 | 29 |
21. Камуи Кобајаши | Катерам | 1:29.178 | + 3.953 | 32 |
22. Маркус Ериксон | Катерам | 1:29.275 | + 4.050 | 37 |