Постигнувањето на Себастијан Ветел е изненадувачки добро, бидејќи беше на патеката само во последните 10 минути од сесијата, време до кога им беше потребно на механичарите на Ред Бул да ја променат ПЕ на неговиот РБ10. Во тие минути тој се обиде да надомести за изгубеното време и имаше навистина блиски средби со бариерите. Оваа патека му одговара не наговиот стил на возење, па може да очекуваме добра трка за него, но се ќе зависи од тоа дали ќе заработи казна од 10 стартни места поназад.
Водечкиот во генералниот пласман на возачи само со 13-тото најбрзо време, но како што напоменавме неговиот брз круг на супер-меките гуми од инцидентот на Малдонадо и црвеното знаме. Првичните проценки се дека помеѓу двете смеши кои Пирели ги донесе за оваа трка има огромна разлика, т.е. супер-меките се многу побрзи од меките гуми, што остава простор за интересна манипулација и со тркачките стратегии помеѓу тимовите и возачите. Секако, топ тема во падокот е и рестрикцијата за тоа што смее, а што не смее да се зборува помеѓу возачот и неговиот тркачки инженер за време на нивната радио комуникација. За таа цел беа одржани неколку повеќе-часовни состаноци помеѓу Чарли Вајтинг и тимовите.
На долниот дел од табелата Марусија беше побрза од Катерам, а тимот кој има големи проблеми на оваа патека е Вилијамс, кој не покажа многу од брзината која ја имаше на претходните трки, барем на денешните тренинзи, и имаше побавни вбремиња дури и од болидите на Заубер.
Утре не очекува Саботниот тренинг во 12:00 и Квалификациите кои започнуваат во 15:00 часот по македонско време.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ

ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:47.490 | 25 | |
2. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:47.623 | + 0.133 | 28 |
3. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:47.790 | + 0.300 | 28 |
4. Кими Раиконен | Ферари | 1:48.031 | + 0.541 | 29 |
5. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:48.041 | + 0.551 | 5 |
6.Кевин Магнусен | Мекларен | 1:48.358 | + 0.868 | 33 |
7. Џенсон Батон | Мекларен | 1:48.435 | + 0.945 | 30 |
8. Серџо Перез | Форс Индија | 1:48.653 | + 1.163 | 30 |
9. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:48.751 | + 1.261 | 31 |
10. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:48.770 | + 1.280 | 31 |
11. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:48.800 | + 1.310 | 33 |
12. Роман Грожан | Лотус | 1:49.062 | + 1.572 | 33 |
13. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:49.075 | + 1.585 | 30 |
14. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:49.139 | + 1.649 | 13 |
15. Адријан Сутил | Заубер | 1:49.170 | + 1.680 | 34 |
16. Естебан Гутиерез | Заубер | 1:49.290 | + 1.800 | 37 |
17. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:49.361 | + 1.871 | 29 |
18. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:49.971 | + 2.481 | 28 |
19. Жил Бјанки | Марусија | 1:50.612 | + 3.122 | 24 |
20. Макс Чилтон | Марусија | 1:51.558 | + 4.068 | 21 |
21. Камуи Кобајаши | Катерам | 1:52.075 | + 4.585 | 33 |
22. Маркус Ериксон | Катерам | 1:52.936 | + 5.446 | 31 |