Невообичаено сигурна Пол позиција за Нико Розберг кој беше побрз и во двата брзи круга во последната Q3 сесија, за на крај неговото време да биде речиси две десетинки побрзо од неговиот ривал Луис Хамилтон. Вилијамс продолжува со добрите настапи и го обезбеди вториот стартен ред, со Валтери Ботас на третата и Фелипе Маса на четвртата позиција.
Фернандо Алонсо го имаше петтото најбрзо време за Ферари, пред Даниел Рикиардо, најбрзиот Ред Бул на патеката. Следува дуото на Мекларен, Кевин Магнусен и Џенсон Батон. Себастијан Ветел, кој и официјално соопшти дека заминува од Ред Бул на крајот на 2014 година, беше деветти, а вториот возач на Ферари, Кими Раиконен, го заокружи Топ 10 пласманот.
Жан-Ерик Верн за малку не успеа да се протне во Q3 сесијата и ќе стартува како 11-ти, а Серџо Перез кој имаше неуспешен последен брз круг во Q2 сесијата ќе мора да се задоволи со старт од 12-тата позиција, пред Дањил Квјат кој беше 13-ти и Нико Хулкенберг на 15-тата позиција. Заубер успеа да се пробие до Q2, но 15-тата и 16-тата позиција беше нивната граница, со Адријан Сутил пред Естебан Гутиерез.
На денешните квалификации возачите на Лотус не беа во можност да ја поминат Q1 сесијата, а Пастор Малдонадо беше побрз од Роман Грожан за помалку од една десетика од секундата. Малдонадо, сепак, ќе стартува како последен поради казната од 10 стартни места поназад за промена на ПЕ, но бидејќи не може да биде поместен за сите 10 места поназад, преостанатите пет места ќе му бидат пренесени за Руското Гран При следниот викенд. Маркус Ериксон беше 19-ти за Катерам, пред Жил Бјанки, Камуи Кобајаши и Макс Чилтон.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЈАПОНИЈА
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.506
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:32.703 + 0.197
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:33.128 + 0.622
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:33.527 + 1.021
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:33.740 + 1.234
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:34.075 + 1.569
7. Кевин Магнусен Мекларен 1:34.242 + 1.736
8. Џенсон Батон Мекларен 1:34.317 + 1.811
9. Себастијан Ветел Ред Бул 1:34.432 + 1.926
10. Кими Раиконен Ферари 1:34.542 + 2.036
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:32.950
11. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:34.984 + 2.034
12. Серџо Перез Форс Индија 1:35.089 + 2.139
13. Дањил Квјат Торо Росо 1:35.092 + 2.142
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:35.099 + 2.149
15. Адријан Сутил Заубер 1:35.364 + 2.414
16. Естебан Гутиерес Заубер 1:35.681 + 2.731
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:33.611
17. Пастор Малдонадо Лотус 1:35.917 + 2.306
18. Роман Грожан Лотус 1:35.984 + 2.373
19. Маркус Ериксон Катерам 1:36.813 + 3.202
20. Жил Бјанки Марусија 1:36.943 + 3.332
21. Камуи Кобајаши Катерам 1:37.015 + 3.404
22. Макс Чилтон Марусија 1:37.481 + 3.870
107% време: 1:40.163