Патеката се одликува со најдолгиот рамен дел во Ф1 календарот, каде се развиваат брзини над 320 км/ч пред наглото сопирање за лево-десната шикана. Тоа е местото каде ќе се случат повеќето претекнувања на трката. Објектите се извонредни, а тимовите и нивните гости имаат огромни простории на располагање. Себастијан Ветел тука ја освои својата прва Титула Светски Шампион во 2010 година.
Свиок 7
Овој свиок е најспор на патеката. Моторното кочење треба да биде особено ефективно за болидот да има стабилност при влезот, и подеднакво добро реагирање на педалата од гаста при излезот кој води кон најдолгиот правец. И најмалата грешка ќе доведе до значителна загуба на време.
Правецот помеѓу свиоците 7 и 8
Околу 55% од патеката се поминува со полн гас, со просечна брзина од околу 200км/ч , слично на патеката во Монтреал. Најдолгиот правец во сезоната има 1.200 метри помеѓу свиоците 7 и 8. Болидите ќе бидат со полн гас околу 14 секунди, достигнувајќи брзина од над 320км/ч . Калибрација на брзините е од суштинско значење, последниот степен на пренос мора да биде поставен релативно долго за да се овозможи конкурентност на крајот од правецот со активен ДРС. Сепак, свиоците во третиот сектор бараат брзините да бидат тесно распоредени за да се постигнат потребните кратки рафали на забрзување помеѓу острите кривини, така да инженерите ќе бидат принудени да го направат вистинскиот избор на соодносот на менувачот.
Свиок 21
Во третиот дел на патеката од свиокот 11 па се до финалниот свиок со број 21 доминираат главно десни свиоци кои се земаат во втор или трет степен на пренос. Свиокот 21 е добар пример на еден типичен свиок во овој сектор. Просечната брзина е ниска, само 160км/ч, а управливоста на болидот треба да е на највисоко ниво, бидејќи десетинки од секунда може да се добијат ако тој е "прикован" на патеката во овие бавни свиоци.
Она што сите го очекуваме е борбата за шампионската титула помеѓу тимските колеги на Мерцедес АМГ. Сите пишуваат комбинаторики за тоа кое место на Луис или Нико им е потребно на трката во недела. Според нас, првите две места се резервирани за овие двајца возачи. Луис Хамилтон титулата ја има во својот џеб, а единствено треба да видиме дали Нико ќе има сили го победи за првото место и при тоа да очекува технички проблем со болидот на Луис Хамилтон. Тоа е тоа!!! Во недела ќе го имаме одговорот!!!
Оптоварување на составните делови на погонската единица
Мотор | 5 |
MGU-K | 3 |
MGU-H | 4 |
Акумулатор | 3 |
Потрошувачка на гориво | 4 |
ERS-систем | 3 |