Неговиот тимски колега го имаше второто најбрзо време, многу далеку пред останатите болиди, така да сите погледи ќе бидат свртени кон нив, да видиме како ќе се одвива борбата за Титулата. Луис Хамилтон влегува со предност од 17 поени и да се повториме од вчерашната најава на трката, останува само да видиме дали Британецот ќе ја изгуби Титулата со технички проблем на болидот, единствениот можен начин и негов најголем непријател. Нико и да забележи Победа, за Луис Хамилтон е резервирано второто место, кое никој не може да му го загрози кога неговиот болид работи како што треба.
Поголемиот дел од вниманието ќе го привлече оваа борба на тимските колеги, додека можеби најинтересната битка ќе се води помеѓу Себастијан Ветел, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас за 4, 5, 6-тото место, возачи кои ги дели само еден поен еден од друг. Шпанецот беше трет најбрз, пред возачите на Ред Бул, но, разликата до Сребрените стрели е огромна.
Првиот слободен тренинг, кој протече во мирна атмосфера и помалку акција од вообичаеното, бидејќи повеќето возачи го чекаат вториот тренинг кој се одржува во време кога ќе се вози неделната трка. Го имаме враќањето на Катерам со Камуи Кобајаши и дебитантот Вил Стивенс. Естебан Окон, Формула 3 шампионот го замени Роман Грожан во неговиот Лотус, додека Адријан Сутил својот Заубер го позајми на Кинескиот возач, Адерли Фонг.
Како и секогаш на стартот од тркачкиот викенд, патеката беше лизгава и правлива, а ќе се чисти како одминува викендот. Болидите на Вилијамс на кои беше инсталиран нов систем на ладење со проблеми кои што доведоа до отпаѓање на делови од каросеријата. Тие го завршија првиот тренинг многу пред да истече времето за механичарите да ја зацврстат каросеријата за шасијата како што треба.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:43.476 | 32 | |
2. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:43.609 | + 0.133 | 31 |
3. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:45.184 | + 1.708 | 22 |
4. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:45.334 | + 1.858 | 30 |
5. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:45.361 | + 1.885 | 23 |
6. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:45.718 | + 2.242 | 17 |
7. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:45.835 | + 2.359 | 32 |
8. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:45.915 | + 2.437 | 8 |
9. Серџо Перез | Форс Индија | 1:45.983 | + 2.507 | 23 |
10. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:46.030 | + 2.554 | 24 |
11. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:46.049 | + 2.573 | 23 |
12. Кими Раиконен | Ферари | 1:46.131 | + 2.655 | 23 |
13. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:46.549 | + 3.073 | 7 |
14. Естебан Гутиерез | Заубер | 1:46.556 | + 3.080 | 28 |
15. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:46.711 | + 3.235 | 31 |
16. Естебан Окон | Лотус | 1:47.065 | + 3.590 | 29 |
17. Џенсон Батон | Мекларен | 1:47.235 | + 3.759 | 8 |
18. Камуи Кобајаши | Катерам | 1:47.971 | + 4.495 | 24 |
17. Адерли Фонг | Заубер | 1:48.269 | + 4.793 | 25 |
18. Вил Стивенс | Катерам | 1:50.684 | + 7.208 | 14 |