Ова беше негова 11-та Пол позиција во оваа сезона, но статистички гледано, по пет трки одржани досега во Абу Даби, возачот кој стартувал од Пол позиција само еднаш се искачил на највисокото скалило од Победничкиот Подиум. Тоа му успеа само на Себастијан Ветел на трката во 2010 година, додека второто стартно место донесе три Победи. Мерцедес АМГ го изедначи рекордот од 12 први стартни реда во една сезона. Валтери Ботас по деветти пат ќе стартува од третата позиција, пред својот тимски колега, Фелипа Маса, кој заврши како четврти најбрз денес.
Првиот сегмент на квалификациите го имаше предвидливиот облик, со возачите на Мерцедес АМГ на првите две места и покрај фактот што на болидот на Розберг беше потребна промена на подот помеѓу саботниот тренинг и Q1. Хамилтон беше најбрз со 1:41.207. Редоследот на долниот дел од табелата, исто така, го имаше релативно познатиот изглед. Со враќањето на тимот на Катерам, последните две места беа познати и пред почетокот на Q1 сесијата, единствено добивме потврда дека Камуи Кобајаши ќе стартува пред дебитантот Вил Стивенс.
Елиминирани во оваа сесија беа и Роман Грожан, Естебан Гутиерес и Пастор Малдонадо на 18-та позиција. Французинот се соочува со казна од 20 стартни места поназад поради промена на неколку компоненти од погонската единица, а бидејќи не може да се пренесат во наредната сезона, за време на трката утре за него следува казна со возење низ боксевите.
Во Q2 сесијата ништо ново, и понатаму Луис Хамилтон со најбрзото време, 1:40.920, пред Нико Розберг и Фелипе Маса. Во Q3 не успеаа да се пласираат Кевин Магнусен, Жан-Ерик Верн, Серџо Перез, Нико Хулкенберг и Адријан Сутил.
Со почетокот на Q3 сесијата сите очекуваа дека Луис лесно ќе стигне до првото стартно место, по малите несигурности на Розберг во претходната сесија, но на крај се случи токму обратното. Брзите круговите на Нико беа стабилни и тој не покажуваше знаци дека е под притисок.
Хамилтон немаше одговор во првиот брз круг, а во вториот форсираше малку повеќе, направи грешка и заврши со дури побавно време од Q2 сесијата. Но, секако, Британецот ќе биде брз во трката, ќе притиска врз својот тимски колега, кој во повеќе наврати демонстрираше дека слабо се снаоѓа под неговиот притисок.
Зад нив на вториот ред ќе стартуваат Валтери Ботас и Фелипе Маса, пред дуото на Ред Бул на следниот ред, со Даниел Рикиардо пред Себастијан Ветел на шестата стартна позиција. Дањил Квјат одличен на седмата позиција за Торо Росо пред Џенсон Батон, Кими Раиконен и Фернандо Алонсо.
Утрешната трка започнува во 14:00 часот по македонско време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:40.480
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:40.866 + 0.386
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:41.025 + 0.545
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:41.119 + 0.639
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:41.267 + 0.787
6. Себастијан Ветел Ред Бул 1:41.893 + 1.415
7. Дањил Квјат Торо Росо 1:41.908 + 1.428
8. Џенсон Батон Мекларен 1:41.964 + 1.484
9. Кими Раиконен Ферари 1:42.236 + 1.756
10. Фернандо Алонсо Ферари 1:42.866 + 2.386
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:40.290
11. Кевин Магнусен Мекларен 1:42.198 + 1.718
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:42.207 + 1.727
13. Серџо Перез Форс Индија 1:42.239 + 1.759
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:42.384 + 1.904
15. Адријан Сутил Заубер 1:43.074 + 2.594
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:41.207
16. Ромен Грожан Лотус 1:42.768 + 2.288
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:42.819 + 2.339
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:42.860 + 2.380
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:44.540 + 4.060
20. Вил Стивенс Катерам 1:45.095 + 4.615
107% време: 1:48.291
UPDATE: Даниел Рикиардо и Себастијан Ветел ќе стартуваат последни на утрешната трка!!! Ред Бул употребувал нелегално предно крило!!! Ред Бул ја прифати казната, но вели ние сме казнети, а сите останати тимови имаат исти предни крила кои се виткаат под аеродинамичен притисок!!!