Нико Розберг изјави дека полага надеж во болидите на Вилијамс, но нивната денешна форма вели дека ништо од тоа во неделната трка. Трето најбрзо време имаше Кевин Магнусен со болидот на Мекларен, но со заостанување од 0.7 секунди. Шпекулациите во падокот се дека делата на Питер Продромоу, бившиот аеродинамичар на Ред Бул, доаѓаат до израз на оваа патека на болидите на Мекларен.
Себастијан Ветел повторно побрз од својот тимски колега Даниел Рикиардо, а меѓу нив се протна Валтери Ботас со болидот на Вилијамс. Проблематична сесија за Фернандо Алонсо чиј болид застана на патеката веќе во почетните минути, оставајќи го без поставено време и на последната позиција на табелата. Затоа, Кими Раиконен беше многу подобар од утринската сесија со седмото најбрзо време, пред Мекларенот на Џенсон Батон, кој и покрај проблемите со хидрауликата и прескокнување на првиот половина час од сесијата имаше солидно осмо најбрзо време.
Дањил Квјат имаше деветто најбрзо време со Торо Росо, пред Вилијамсот на Фелипе Маса, кој го заокружи пласманот на најбрзите 10 возачи.
Утрешните квалификации започнуваат во 14:00 часот по македонско време.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:42.115 | 35 | |
2. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:42.196 | + 0.083 | 37 |
3. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:42.895 | + 0.782 | 37 |
4. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:42.959 | + 0.846 | 33 |
5. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:43.070 | + 0.957 | 34 |
6. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:43.183 | + 1.070 | 32 |
7. Кими Раиконен | Ферари | 1:43.489 | + 1.376 | 33 |
8. Џенсон Батон | Мекларен | 1:43.503 | + 1.390 | 23 |
9. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:43.546 | + 1.433 | 38 |
10. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:43.558 | + 1.445 | 34 |
11. Серџо Перез | Форс Индија | 1:43.746 | + 1.633 | 37 |
12. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:44.005 | + 1.892 | 38 |
13. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:44.068 | + 1.955 | 32 |
14. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:44.157 | + 2.044 | 39 |
15. Естебан Гутиерез | Заубер | 1:44.316 | + 2.203 | 38 |
16. Адријан Сутил | Заубер | 1:44.763 | + 2.650 | 37 |
17. Роман Грожан | Лотус | 1:44.986 | + 2.873 | 35 |
18. Камуи Кобајаши | Катерам | 1:45.505 | + 3.392 | 38 |
17. Вил Стивенс | Катерам | 1:47.057 | + 4.944 | 34 |
18. Фернандо Алонсо | Ферари | / | / | 2 |