Времето забележано од Нико Розберг, беше најбрзото време со кое е освоена Пол позицијата во досегашната 41-годишна историја на Интерлагос. Досега рекордот го имаше Рубенс Барикело со време 1:10.646 од 2004 година. Нико беше дури и блиску до рекордниот круг на сите времиња, кој беше забележан од страна на Барикело во првата квалификациона сесија истата година, 1:09.822. Мерцедес АМГ го изедначи рекордот на Ред Бул од 18 Пол позиции во една сезона, а Розберг веќе е возачот со најмногу пол-позиции за оваа година.
Вилијамс се одвои како најблизок конкурент на сребрените стрели, а миленикот на домашната публика, Фелипе Маса, ќе стартува пред својот тимски колга Валтери Ботас. Веднаш зад нив од третиот стартен ред трката ќе ја започнат Џенсон Батон со Мекларен и Себастијан Ветел од Ред Бул.
Четвртиот ред е резервиран за Кевин Магнусен, кој успеа да го победи Фернандо Алонсо со болидот на Ферари. Даниел Рикиардо со вториот Ред Бул и Кими Раиконен го заокружија пласманот на најбрзите 10 возачи на денешните квалификации.
Иако беше прогнозирано дека сесијата ќе се одвива по дожд, но ништо од тоа, па се се одвиваше по сува патека, со температури на асфалтот до 36-от степен целзиусов. Двајца возачи имаат пренесени казни од минатата трка во Америка, Серџо Перез со седум и Дањил Квјат со десет стартни места поназад.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БРАЗИЛ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:10.023
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:10.056 + 0.033
3. Фелипе Маса Вилијамс 1:10.247 + 0.224
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:10.305 + 0.282
5. Џенсон Батон Мекларен 1:10.930 + 0.907
6. Себастијан Ветел Ред Бул 1:10.938 + 0.915
7. Кевин Магнусен Мекларен 1:10.969 + 0.946
8. Фернандо Алонсо Ферари 1:10.977 + 0.954
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:11.075 + 1.052
10. Кими Раиконен Ферари 1:11.099 + 1.076
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:10.303
11. Естебан Гутиерес Заубер 1:11.591 + 1.288
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:11.976 + 1.673
13. Адријан Сутил Заубер 1:12.099 + 1.796
14. Дањил Квјат Торо Росо без поставено време
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:10.347
15. Роман Грожан Лотус 1:12.037 + 1.690
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:12.040 + 1.693
17. Серџо Перез Форс Индија 1:12.076 + 1.729
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:12.233 + 1.886
107% време: 1:15.271