Фелипе Маса, миленикот на домашната публика беше трет за Вилијамс и покрај казната од пет секунди за пребрзо возење во боксевите, но и грешното застанување во боксот на Мекларен при финалниот негов пит-стоп за промена на гуми.
По подолго време немаше премногу возбудување на стартот од трката. Нико Розберг ја задржа стартната предност пред својот тимски колега, а слично беше и со остатокот на поредокот, кога повеќето возачи мислеа како да ја задржат својата позиција, отколку ад преминат во напад. Следуваше многу краток прв стинт, поради краткиот животен век на меките гуми, па првите промени на гумите запоочнаа веќе од седмиот круг со Фелипе Маса. Луис Хамилтон ја намалуваше разликата со Нико Розберг, но поради краткото време немаше обид за претекнување.
Разликата повторно во минимални граници и при вториот стинт, а Нико се реши да го направи својот втор пит-стоп во 26 круг. Во тие моменти Луис со чиста патека пред себе се обиде да надокнади колку што може повеќе време пред својот пит-стоп. Но, видовме дека и тој вози под притисок, па во четвртиот свиок направи грешка излетувајќи надвор од патеката. Тој успеа да го исконтролира болидот, се врати на патеката и се упати во боксот по нов комплет на гуми. Оваа грешка му донесе седум секунди заостанување зад Розберг, и можеби шанса за обид да стигне до победата.
Но, и покрај тоа што на Хамилтон му беше доволно и второ место за да ја одржи предноста во генералниот пласман, тој не тактизираше и со полна сила почна да ја намалува разликата и покрај загриженоста во врска со зголемената температура на гумите. Сето тоа резултираше со минимална разлика по завршувањето на третото и последно застанување во боксевите за промена на гумите. Разликата беше под 1 секунда, но конечно Розберг го издржа притисокот на својот тимски колега и тоа цели 20 круга. Луис Хамилтон и покрај помошта на ДРС-системот, никогаш не се доближи доволно блиску за да направи обид за престигнување.
Фелипе Маса, миленикот на домашната публика, донесе многу насмевки на нивните лица со пласман на подиумот. Но, повторно тимот на Вилијамс се покажа во многу лошо светло кога се во прашање застанувањата во бокс. Тоа повеќе беше изразено кај Валтери Ботас, кој и покрај стартот од 4-тата позиција, на крај се бореше за десетото место и само еден поен. Џенсон Батон, заврши на четвртото место, и го имаше едно од најдобрите претекнува на денот, кога успеа да го добие дуелот со Кими Раиконен.
На 5-тото место заврши Себастијан Ветел, кој најверојатно можеше да заврши и повисоко на табелата, доколку не загубеше многу време заглавен зад Мекларенот на Кевин Магнусен при почетните кругови од трката. Даниел Рикиардо, неговиот тимски колега, мораше да се паркира во својата гаража поради проблеми со предната лева амортизација на неговиот Ред Бул.
Во поредокот следуваат болидите на Ферари со Фернандо Алонсо пред Кими Раиконен. Шпанецот долго време возеше зад Кими, и при тоа ја добивме најголемата потврда досега дека Алонсо секако го напушта Ферари, со отсуството на тимска наредба да биде пропуштен. Нико Хулкенберг со Форс Индија, Кевин Магнусен со Мекларен и Валтери Ботас го заокружуваат списокот на освојувачи на бодови.
Овој резултат значи дека Хамилтон на последната трка во сезоната ќе влезе со предност од 17 поени, која на програмата е за две недели на патеката Јас Марина во Абу Даби. Правилото за дупли поени вели дека за Нико да ја освои Титулата му е потребна Победа и пласман на Луис подолу од второто место.
Голема Награда на Бразил, Интерлагос, Сао Паоло
71 круга, 305.909км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч30:02.555
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 1.457
3. Фелипе Маса Вилијамс + 41.031
4. Џенсон Батон Мекларен + 48.658
5. Себастијан Ветел Ред Бул + 51.420
6. Фернандо Алонсо Ферари + 1:01.906
7. Кими Раиконен Ферари + 1:03.730
8. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:03.934
9. Кевин Магнусен Мекларен + 1:10.085
10. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
11. Дањил Квјат Торо Росо + 1 круг
12. Пастор Малдонадо Лотус + 1 круг
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
14. Естебан Гутиерес Заубер + 1 круг
15. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
16. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:13.555
БЕЗ ПЛАСМАН:
Роман Грожан Лотус 64
Даниел Рикиардо Ред Бул 40
Генерален пласман по 18 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 334 1. Мерцедес АМГ 651
2. Нико Розберг 317 2. Ред Бул 373
3. Даниел Рикиардо 214 3. Вилијамс 254
4. Себастијан Ветел 159 4. Ферари 210
5. Фернандо Алонсо 157 5. Мекларен 161
6. Валтери Ботас 156 6. Форс Индија 127
7. Џенсон Батон 106 7. Торо Росо 30
8. Фелипе Маса 98 8. Лотус 10
9. Нико Хулкенберг 80 9. Марусија 2
10. Кевин Магнусен 55
11. Кими Раиконен 53
12. Серџо Перез 47
13. Жан-Ерик Верн 22
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 8
16. Пастор Малдонадо 2
17. Жил Бјанки 2